20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗOpel ADAM S: Спортска верзија на малиот градски автомобил (фото)

Opel ADAM S: Спортска верзија на малиот градски автомобил (фото)

adam s

Малите спортски автомобили секогаш биле забавни за возење. „Opel“ тоа го знае и покрај „Corsа OPC“ во својата понуда вклучи уште еден спортист во мало пакување.

Претпродукцискиот „ADAM S“ е прикажан пред публиката на авто-саемот во Женева, а шест месеци подоцна „Opel“ ја претстави конечната верзија која е подготвена за производство.

Веќе самиот дизајн на надворешноста на овој автомобил покажува дека под хаубата не се наоѓа вообичаениот агрегат. Предниот спојлер, додатоците на праговите и дифузорот на задниот браник  не се тука само поради украс.

adam s1

Сепак, највпечатлив детал е покривниот спојлер кој овозможува подобра тракција и стабилност на возилото при големи брзини.

Како и кај стандардниот „ADAM“, „Opel“ и на „S“ верзијата ги искористи потенцијалите за индивидуализација.

Изборот на вкупно десет бои и уште четири комбинации на покривот се достапни со „Red’n’Roll“ дизајнот на покривот кој е исклучиво резервиран за купувачите на моделот „ADAM S“.

adam s2

Во внатрешноста може да се одбере еден од четирите вида на седишта, од кои три се екслузивно достапни за „S“ веријата на „ADAM“, вклучувајќи ги и „Recaro“ спортските седишта. Во понудата е и дополнителен кожен пакет кој опфаќа црно-црвен волан, рачките од менувачот и рачната сопирачка, како и црвено-бело осветлување во инструмент таблата и вратите.

„ADAM S“ е опремен и со мултимедијалниот систем „IntelliLink“ кој овозможува поврзување со смартфон уредите и користење на бројни апликации, а компитабилен е со паметните телефони кои ги користат „Android“ и „Apple“ оперативните системи.

Системот вклучува „USB“ и „Bluetooth“ конекции, седум звучници и седуминчен екран чувствителен на допир, и овозможува навигација со помош на „BringGo“ апликацијата. Интеграцијата на уредите со „Apple iOS“ системот обезбедува и употреба на „SIRI EYES FREE“ функцијата на гласовни команди.

adam s3

Сепак, најважниот мотив за купување на моделот „ADAM S“ ќе биде неговата погонска единица и возните карактеристики на автомобилот.

Со 110 kW/150 KS и најголемиот вртежен момент од 220 Nm, новата верзија на 1.4-литарскиот „Turbo ECOTEC“ мотор во моделот „ADAM S“ може да се пофали со излезна моќ од преку 100 ks/l.

Oвој мотор настана врз база на постоечкиот четирицилиндарски 1.4-литарски агрегат кој е посебно развиен за моделот „ADAM S“. Во комбинација со шестстепен мануелен менувач, „ADAM S“ постигнува забрзување од 0 дo 100 km/h зa 8.5 секунди и максимална брзина од преку 200 km/h.

adam s4

Моторот е во склад со идните „Euro 6“ стандарди и е опремен со „Stop/Start“ технологијата, благодарејќи на тоа просечната потрошувачка изнесува 6,4 l/100 km, a „CO2“ емисијата е 149 g/km.

Спортските карактеристики на возењето се подобрени со специјално подесување, спуштената суспензија, како и директниот систем за управувње.

adam s5

Иако не е производ од „Opel Performance“ центарот, „ADAM S“ е опремен со моќните „OPC“ сопирачки кои се прилагодени на различни димензии на тркалата, а во понудата се наоѓаат и специјално дизајнирани алуминиумски бандажи од 17 и 18 инчи.

„Opel ADAM S“ во продажните салони ќе пристигне во ноември, а цената ќе биде позната по официјалната премиера која е закажана за саемот во Париз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП