ИНТЕРЕСНО

Македонија со пад од 36 позиции на ФИФА листата

fgmf

На најновата ФИФА ранг листа објавена денеска, македонската репрезентација забележа пад од 36 позиции, најголем во нашата историја.

„Црвено-жолтите“ од 76.место во августовското рангирање, сега со 286 бодови се наоѓаат на 112.место.

Расипувањето на пласманот се должи на поразот од Шпанија во 1.коло од квалификациите за ЕП, но и слабите резултати на натпреварите одиграни во последните 12 месеци.

Од противниците на Македонија во евро-квалификациите во ТОП 10 се наоѓа само Шпанија.

Украина е на 24.место, Словачка е 40.та, Белорусија е на 89.позиција, а најслабо пласиран е Луксембург – 127.ми.

Токму Луксмбург следниот противник на избраниците на селекторот Бошко Ѓуровски кои ќе бркаат победа и подобрување на ФИФА пласманот.

Во ТОП 10 се репрезентациите на Германија, Аргентина, Колумбија, Холандија, Белгија, Бразил, Уругвај, Шпанија, Франција и Швајцарија.

Следното рангирање Светската фудбалска федерација ќе го направи на 23 октомври.