26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSpeed - помоќна верзија на Bentley Mulsanne (фото)

Speed – помоќна верзија на Bentley Mulsanne (фото)

speed bentley

За оние на кои не им се доволни 512 ks и 296 km/h, колку што произведува стандардниот „Mulsanne“, „Bentley“ ја направи верзијата „Speed“ која овој модел го подигнува на уште повисоко ниво.

„Bentley Mulsanne Speed“ ќе биде достапен во четири нови бои, а спортскиот имиџ е нагласен со дискретни стилски интервенции на надворешноста, како што е црната мрежа на предната маска и браникот или новите 21 инчни алуминиумски бандажи.

speed bentley1

Купувачите ќе можат да изберат и еден од неколкуте нови дезени и комбинации на бои и материјали во кабината, а меѓу новите опции е и „Sport“ модулот, благодарејќи на кој потпирањето станува потврдо, а воланот дискретен.

Актуелниот 6.75-литарски „V8“ беше надграден, па така сега произведува 537 ks (395 kW) и 1.100 Nm најголем вртежен момент, а моќта се пренесува со помош на осумбрзинскиот автоматски менувач.

speed bentley2

Тоа е доволно „Mulsanne Speed“ oд 0 дo 100 km/h да стигне за 4.9 секунди и да забрза до максималните 305 km/h.

Иако за идните сопственици, тоа и не е од некое значење, автомобилот има можност за деактивација на цилиндрите и пратично сведување на „V8“ моторот на „V4“, кога за возење не се неопходни максимални перформанси.

speed bentley3

Во тие моменти, емисијата на јаглен-диоксид се намалува од 393 g/km на 342 g/km.

Kако и бројните есенски новитети и овој модел ќе има премиера на парискиот авто-саем. Почетната цена на овој автомобил изнесува 315.000 eвра, a првите сопственици во својот примерок ќе можат да уживаат во зимата 2015-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП