29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата Škoda Fabia: практична и полна со емоции

Новата Škoda Fabia: практична и полна со емоции

acouacooo

-Фантастичната нова Skoda Fabia во Македонија пристигнува на почетокот на 2015 година

-Новата Škoda Fabia пристигнува со цела линија на нови мотори 

-17% помала потрошувачка на гориво и помалку емисии на штетни гасови 

-Четири бензински и три дизел мотори, сите компатибилни со EU6 стандардот

-Новата Škoda Fabia има врвни перформанси со помош на Greenline технологијата: 3,1 л на 100 km; 82g CO2 на km

Новата Škoda Fabia поставува нови стандарди во поглед на потрошувачката на гориво. Премиерата е закажана за следниот месец на автомобилскиот саем во Париз. Новата Fabia е за 17% поекономична во споредба со претходниот модел, а со тоа таа е  и најштедливата, еколошка Fabia на сите времиња. Цела линија на нови мотори се вградуваат во новиот модел. Четири бензински и три дизел мотори кои се во согласност со EU6 стандардот.

Новата Škoda Fabia ќе ги има сите погонски системи од најновата генерација на ефикасни мотори од групацијата. Клиентите ќе имаат можност да одберат еден од четирите бензински или еден од трите дизел мотори, сите во согласност со новата регулатива. Стандард е старт – стоп системот како и системот за регенерирање на енергија. Преносот може да биде мануелен или автоматски со помош на DSG автоматскиот менувач со двојна спојка.

Од бензинските мотори достапни се новите три и четири -цилиндрични мотори кои се базираат на новата MQB технологија. 1.0 MPI односно три цилиндричниот мотор  има индиректно вбризгување, додека четири цилиндричниот турбо мотор (1,2 TSI)  има директно вбризгување. Излезната моќност зависно од моторот започнува од 44 kW (60 КС) и достигнува максимални 81 kW (110 КС).

skodiilak

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП