21 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКонцептот Renault EOLAB троши само 1 l/100 km (фото)

Концептот Renault EOLAB троши само 1 l/100 km (фото)

eolab

„Renault“ на авто-саемот во Париз ќе го претстави концептот „EOLAB“, кој од многуте слични футуристички студии се одвојува по ултра ниската потрошувачка од 1l/100 km, но и по интересните дизајнерски и конструктивни решенија.

Во францускиот производител велат дека концептот „EOLAB“ најавува „одржлив автомобил од „B“ сегментот“ кој ќе се најде на патиштата во наредната деценија.

Иако најзвучниот податок за ова возило е неговата мала потрошувачка, од „Renault“ велат дека „EOLAB“ содржи околу 100 иновации кои постепено ќе го најдат своето место во продукциските модели на компанијата до 2020-та година.

eolab1

Концепти слични на овој најчесто имаат пренагласен футуристички дизајн, кој подоцна има само мали трагови на сериските автомобили.

За разлика од нив, „EOLAB“ изгледа така да без многу фантазија можеме да го замислиме во секојдневниот сообраќај во блиска иднина.

Естетиката и натаму е подредена со аеродинамичките барања, но автомобилот поради тоа не изгледа нескладно – напротив.

eolab2

Со употребата на специјални материјали и различни конструктивни решенија, како што е ултра тенката шофершајбна или покривот од магнезиум, „Renault“ постигна масата на концептот да изнесува само 955 kg, што е за околу 400 kg помалку во однос на актуелниот „Clio“, кој е приближно со иста големина како и „EOLAB“.

Во однос на „Clio“, подобрена е и аеродинамиката на возилото, па коефициентот на отпорот на воздухот на „EOLAB“ изнесува 0,235.

Од „Renault“ тврдат дека само благодарејќи на аеродинамичките подобрувања е постигната значајна заштеда во потрошувачката на гориво при големите брзини на патиштата. При константна брзина од 130 km/h, oваа заштеда изнесува 1,2 l/100 km во однос на сличните модели со најмала потрошувачка во класата.

eolab3

Сепак, клучниот податок е дека „EOLAB“ благодарејќи на намалената маса, подобрената аеродинамика и употребата на хибридниот погонски систем е во состојба просечната потрошувачка да ја сведе на само 1l/100 km, додека емисијата на „CO2“ изнесува само 22 g/km.

Хибридниот систем се состои од трицилиндарски 1.0-литарски „SСe“ бензинец со 75 ks и 95 Nm и електромотор кој произведува 68 ks (50 kW) и 200 Nm. Комбинираната моќ на двата мотори ги придвижува предните тркала со помош на трибрзински автоматски преносен систем.

Концептот „EOLAB“ има и некои атипични конструктивни решенија меѓу кои е и асиметричната конструкција на вратите (2+1), слично како на моделот „Hyundai Veloster“, при што задната десна врата се отвара наназад, што во отсуство на „B“ столбот овозможува полесно влегување и излегување.

eolab4

Внатрешноста на автомобилот е многу поедноставена, а повеќето команди се сместени на „touch screen“ мултимедијалниот систем кој е сличен на таблет.

Класичните надворешни ретровизори ги заменија странични камери и мали екрани, а улогата на внатрешно огледало ја превзема задната камера, која сликата ја репродукцира на екранот на мултимедијалниот систем.

„Renault“ не е првиот производител на автомобили кој направил возило со конвенционален мотор и ваква ниска потрошувачка на гориво. „Volkswagen“ го разви моделот „XL1“ кој неодамна почна да се произведува и кој просечно троши 0,9 l/100 km и емитува 21 g CO2/km.

eolab5

Сепак, важно е да се нагласи дека во однос на „Renault EOLAB“, возилото на „Volkswagеn“ покрај електромоторот користи дизел, а не бензински агрегат.

Покрај тоа, станува збор за двосед, додека во францускиот автомобил може да се сместат четири возрасни лица.

На крајот, „VW XL1“ има цена од преку 100.000 евра, додека концептот „EOLAB“ е замислен како претходник на продукцискиот модел од „B“ сегментот, кој ќе биде значително поевтин.

eolab6

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП