19 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 17.09.2014

Дневен хороскоп 17.09.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Очекувате да ви се јави некој кој се однесува заштитнички кон вас, но истовремено на некој начин ви покажува дека всушност вие зависите од него. Добрата комуникација со Близнаци, Рак и Вага е многу важна за продолжување на соработката. Ќе добиете повик од поранешен соработник во врска со нова работа.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Имате можност да искористите нечија наклонетост но вие тоа не го правите. Поволен ден, особено за оние кои сакаат да навлезат во приватниот бизнис. Со малку добра воља, би можеле да дојдете во ситуација да разговарате за вашето унапредување или за некоја работа која би можела да ви помогне да излезете од секојдневиедо. Добро се чувствувате во друштво на некој Рак.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Добро се согласувате со Водолија или Вага и вршите некаков притисок за да го постигенете она што ви е важно. Добивате пофалби за она што сте го направиле и многумина ви завидуваат како сте успешни во нешто што на другите воопшто не им оди од рака. Не се оптеретувајте премногу со размислување за нешто што нема влијание на вашите идни одлуки.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Се чувствувате одлично во друштво на некоја линост која ви дава конкретни совети во врска со финансиите. Сакате да го проширите тимот на соработници. Трудете се никој да не примети дека многу нешта не умеете да ги сработите. Семејството ќе ве повика на отворен и искрен разговор.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ситуација на работа не е сјајна а вие никако да се извлечете од проблемите кои ве заморуваат. Од една страна чувствувате одговорност кон оние на кои нешто им должите, а од друга страна не отстапувате од вашиот став кога станува збор за обврските кои не сте ги исполниле. Можен е повик од некој Стрелец со кој секогаш сте имале одлична комуникација.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Постои можност за кавга со некој Стрелец, обидете се да ја смирите ситуацијата бидејќи сериозно ќе настрадате настојувајќи да биде по ваше. Некој особено ќе ви биде привлечен, но таа личност можеби нема воопшто да ве примети. Можни е моментални финансиски проблеми.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Се тудите да му бидете од помош на некој кој едвај некако успева да се избори за своето место и некој кој многу напорно работи на проектите во кои и вие би можеле да имате учество. Не би требало премногу да се оптеретувате со туѓите грижи без оглед за што станува збор. Можна е соработка со некој Овен, Шкорпија и Јарец. Близнаците се обидуваат да воспостават добра комуникација со вас. Некој многу ќе ви се налути и ќе ве напушти.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе бидете многу ангажирани но и дрски и безобрани со сите оние кои ќе ви застанат на патот. Ќе ги буткате луѓето и ќе чекорите преку нив само за да стасате до посакуваното место. Некој во оваа гужва убаво ќе ве запамети и ќе ви врати со иста мера. Внимавајте можно е да бидете јавно критикувани.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Овој ден во вас ќе владее бура од измешани чувства. Нема да знаете како да постапите, со кого да бидете, што да испланирате, што да извршите. Седнете и размислете што е најповолно, не само за вас, туку и за партнерот и семејството. На работното место ќе бидете повикани во некој нов проект, не го откажувајте учеството.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе бидете многу креативни и ќе брзате да заработите што повеќе пари. Некои лица ќе ви понудат помош, парична и услуги преку пријатели, доколку мислите дека тоа е скратениот пат, слободно прифатете ја помошта. Средбата со некој Стрелец ќе ве промени максимално.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Кај вас ќе биде поттикната амбицијата, но вие мислите дека немате време, а ни нерви за нови залагања. Многумина од вас се оптеретени со некои проблеми со кои всушност не си сакаат да се соочат. Некој Лав или Стрелец ќе се појави да ве убеди да започнете да соработувате.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ве радува средбата со пријателите кои би можеле да ви бидат од голема корист во врска со некое ново работно место. Добредојден е советот од некое искусно лице, размислете што тоа ви кажува. Ќе имате некаков контакт со станство од кој ќе извлечете голема поука. Ако сте подготвени за големи промени зачекорете напред, доколку не сте, тогаш повлечете се.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП