Новиот хибриден модел „Mercedes-Benz S500 Plug-in“ ја поврзува ултрамодерната хибридна погонска конфигурација со единствена иновација и луксузната опрема и елементи на „S сlasѕ“. Луксузната лимузина со долго меѓуосовинско растојание импресионира со очекуваната динамика и ефикасност.
Благодарејќи на стандардната контрола на климата, овој модел нуди единствен комфор на климатизирано возило. „S500 Plugin Hybrid“ е првата луксузна лимузина која ја карактеризираат перформанси на „V8“ модел и потрошувачка која е специфична за компактен модел.
Најголемиот предизивик за инженерите на компанијата беше да ја пренесат ефикасноста во суперирорните перформанси. Новиот „S500 Plugin Hybrid“ на купувачите им нуди комплетен опсег на иноваци кои ја чинат новата „S сlasѕ“ така успешна и благодарејќи на интелегентната оперативна стратегија, нуди врвно задоволство при возењето и динамика комбинирана со најголема ефикасност.
„Mercedes-Benz S500 Plug-in Hybrid“ нуди 442ks и 650Nm вртежен момент на погонскиот агрегат. Овој модел може да забрзува од 0 дo 100km/h зa само 5.2 секунди и може да помине 33km само на електрична енергија.
Според фабричките податоци, просечната потрошувачка на гориво на овој модел е 2.8L/100km што одговара на емисијата на штетни гасови од само 65g/km. Клучни елементи на оваа импресивна моќ е „V6 biturbo“ моторот, како и интелегентниот хибриден погон.
По моделите „Ѕ400 Hybrid“ и „S300 BlueTEC Hybrid“, „S500 Plug-in Hybrid“ e третиот хибриден модел во новата „S сlaѕѕ“. Тој поседува целосно нова високонапонска „Li-Ion“ батерија со капацитет од 8.7kWh.
Возилото поседува и нова трансмисија која е базирана на „7G-Tronic Plus“ седумстепената автоматска трансмисија. „Plug-in“ хибридниот систем во „S сlasѕ“ е базиран на „Mercedes-Benz“ паралелниот хибриден модуларен систем.