24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата Micra ќе се произведува во Франција

Новата Micra ќе се произведува во Франција

mirca 3883

„Renault“ потврди дека следната генерација на моделот „Micra“ ќе се изработува во нивната фабрка Флинс, во близина на Париз. Почетокот на производството е планирано за 2016-та година.

„Renault“ ќе ја произведува и механичката платформа за овој модел на „Nissan“, а француската компанија ќе вложи 7 милиони евра во нови машини и алати во погонот во Ле Ман.

Се очекува од фабриката Флинс од производните ленти годишно да излегуваат 132.000 примероци на моделот „Micra“.

Актуелната верзија на овој автомобил за европскиот пазар се изработува во Индија, откако во 2010-та година производството на втората генерација е преселено од фабриката во Сандерленд, со цел во тие погони да се ослободи капацитет за „Nissan Juke“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП