26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFerrari ќе лансира два нови модели

Ferrari ќе лансира два нови модели

f 458

Лука ди Монтеѕемоло си заминува, но последниот „удар“ од негова страна доаѓа во вид на два нови модели кои ќе бидат претставени во следните месеци.

Еден од нив најверојатно ќе биде новата верзија на „458“, можно е во турбо „М“ издание или во форма на „Scuderia Spider“. Во суштина, за што станува збор ќе видиме на саемот за автомобили во Париз, додека другиот модел ќе биде строго разервиран за северноамериканскиот пазар. Но, за што точно станува збор?

Според најновите информации, веројатно тоа е верзија на „F12 Berlinettа“, украсена со бели и сини тркачки линии кои прв ги користеше „North American Racing Team“ (NART), a aпликацијата би била применета и на „458 Speciale“. Специјалниот модел ќе добие и посебен аеро пакет и ревидиран ентериер, сличен на тој што го прави „Ferrari Special Projects“, но серијата ќе биде ограничена само на 10 примероци.

Сите десет единици ќе ја минат цената од 3 милиони долари (по примерок). Новиот модел ќе биде претставен на 12-ти октомври на специјалната манифестација во Лос Анџелес по повод 60 години „Ferrari Americа“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП