8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗOpel го претстави новиот Vivaro Combi (фото)

Opel го претстави новиот Vivaro Combi (фото)

vivaro combi

По теретната верзија, „Opel“ на купувачите им понуди и патничка верзија на новата генерација на мултифункционалниот модел „Vivaro“.

Новиот „Opel Vivaro Combi“ има три реда седишта и може да превезе до девет лица.

Потпирачите на седиштата во вториот и третиот ред се подесуваат, а двата реда седишта можат по потреба целосно да се отстранат, а со тоа се добива голем корисен товарен простор.

vivaro combi1

За прв пат овој модел е достапен со „IntelliLink“ мултимедијалниот уред на „Opel“ со 7-инчен екран чувствителен на допир и навигација.

Мапите може да се ажурираат преку „USB“ приклучок, а на купувачите на располагање им е и „Bluetooth“ конекција за телефонски разговори и репродукција на аудио содржини од смартфон.

Како опција е достапна и функцијата за отклучување на возилото и стартување на моторот без клуч.

vivaro combi2

Во понудата се два нови турбо-дизели, секој во по две верзии. Послабиот 1.6-литарски „CDTI“ е достапен во верзија со 90 ks или 115 ks, додека 1.6-литарскиот „BiTurbo CDTI“ произведува 120 ks или 140 ks.

„Opel“ тврди дека верзијата со 120 ks е особено економична и дека просечната потрошувачка изнесува 5,7 l/100 km.

Новиот „Vivaro Combi“ ќе има премиера на саемот за комерцијални возила кој се одржува во Хановер од 23-ти септември до 2-ри октомври. Почетната цена на овој модел во Германија изнесува 30.327 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП