29 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 16.09.2014

Дневен хороскоп 16.09.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Имате недоразбирања со околината и сето тоа е така поради вашата преголема слобода во постапките. Размислете на кого му наштетувате со несоодветното однесување. Во следниот период постои можност да преминете на некој друг проект кој можеби нема да ви носи толку приходи но сепак ќе биде посигурен.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Сакате да ги испланирате целиот живот однапред но тоа не е можно, тоа ве прави нервози и напнати. Погледнете на животот од некој друг агол, не можете сите ситуации однапред да ги изрежирате и да гарантирате дека по одреден редослед ќе се случат, мора да постои нешто што ќе се појави ненадејно и ќе го сруши планот. Променете го начинот на размислување и заштитете се од нервозите и тагата.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Во следниот период можно е заминување во странство, посета на некој важен семинар и дружба со деловни лица. Искористете ги поволностите. Инвестирајте ги парите, но претходно размислете во што, како и колку од тие пари ќе ви се вратат. Од финансиски аспект настапува поволен период во кој успешно ќе ги покривате сите ваши месечни трошоци.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Овој ден е одличен за бизнис. Договарајте средби со колеги и бизнис соработници надвор од работното место. Во порелаксирана атмосфера ќе можете да извлекувате многу повеќе информации кои ќе ви помогнат да се вивнете кон успехот. Вашето семејство безрезервно ве поддржува во вашите планови, заблагодарете му се за тоа.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Во семејството и во љубовта ситуацијата е стабилна. Многумина од вас овие денови активно ќе се ангажираат во соработката со шефот или од претпоставените ќе добијат посебни барања. Понекогаш ќе ви недостасува енергија за се. Затоа добро организирајте се.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Вашиот партнер бара премногу од вас, вие се фрустрирате и не можете да го постигнете тоа брзо темпо. Седнете и разговарајте, вие не сте лице кое избрзано постапува, па така немојте ни овој пат премногу рано да ставите крај на нешто што може да се  поправи. Слушнете ги вашите желби и споделете ги со него.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

На работното место ќе се појават некои ситни проблеми. Важно е да бидете доволно мудри и да соработувате колку што можете. Ќе има плеткања, а вие ќе направите се за работите да станат појасни. Така ќе најдете компромис и ќе постигнете резултат. Во љубовта се можни мали несогласувања, кои лесно ќе ги надминете.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

На работното место владее тишина, тишина која ви пречи и која носи изненадувања кои можат да бидат непријатни. Не сметајте на другите кога станува збор за зголемување на мотивацијата на работното место. Пронајдете инспиративен пример и следете го. Во љубовта ситуација е далеку постабилна.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Внимавајте на ситуациите кои можат да ве растажат и да ви ги насолзат очите. Избегнувајте ги негативните лица и проблемите. Останете сами некое време и сериозно рамислите на постапките во иднина. Потребни ви се позитивни лица, среќни моменти, забави…

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Проблемите на работното место комплетно ќе ја променат вашата психичка состојба. Во следниов период ќе се соочите со трошоци кои не можете да ги предвидите. Не ни помислувајте на заем. Можно е некој да се обиде да извлече информација од вас на нечесен начин.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ова е доста весел ден за повеќето припадници на овој знак. Ќе бидете во прекрасна форма, доста од времето ќе поминете во друштво со вашите пријатели. Убав ден и за заљубените кои би можеле да доживеат совршена хармонија во односите со личноста која ја сакаат. Ќе имате изразена потреба за луѓето да ве сакаат, а тоа и ќе го доживеете.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Одличен ден за поволен развој на кариерата. Пред вас се денови богати со прилики за развој. Бидете отворени, пресретливи, почитувајте ги другите како и себе и ќе видите дека можете речиси се. Немојте да се преценувате или да се потпирате на стара слава. Ова е почеток на просперитетен период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП