„Mercedes“ најави реорганизација на производството на своите патнички модели, кои во иднина ќе користат четири главни платформи. Со цел да се модернизира и зголеми производството, компанијата во погоните во Германија ќе инвестира преку 3 милијарди евра.
Планирано е во фабриките во Зинделфинген и Унтертуркхајм да бидат вложени по милијарда евра, првенствено во развој на нови модели и мотори, а во проширувањето на капацитетот на погонот во Бремен ќе се инвестираат околу 750 милиони евра.
Остатокот од средствата е наменет за фабриката Раштат каде се изработуваат компактните модели на „Mercedes“.
Компанијата најави дека огранизациската структура на производство ќе биде повеќе централизирана и поделена на основа на механичките платформи на кои се базирани некои модели.
Предвидено е сите модели да користат една од четирите платформи: „MFA“ – зa компактните автомобили со преден погон, „MRA“ – зa поголемите модели кај кои е задржан погонот на задните тркала, „MHA“ – наменета за „SUV“ возилата и „MSA“ – за спортските автомобили.
Секоја од платформите се состои од низа модули и компоненти, па така може да се користат за автомобилите кои се разликуваат според димензиите и моторите. Првиот модел кој ќе биде концепциран на тој начин е новата „C сlasѕ“.
Покрај најавената реорганизација, „Mercedes“ планира до 2020-та да претстави и 12 целосно нови модели на автомобили.