29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВака би можела да изгледа новата Opel Astra K

Вака би можела да изгледа новата Opel Astra K

opel astra k222

„Opel“ актуелната генерација на „Astrа“ ја претстави во 2009-та година (во меѓувреме доживеа и мало дотерување), додека новата, петта генерација ќе пристигне во текот на 2015-та година.

„Opel“ со новата „Astrа K“ ќе одговори на новите модели од „C“ сегментот, а покрај модерниот изглед (по примерот на концептот „Monza“ и помалите модели „Adam“ и „Corsa“), ќе ја одликуваат и нешто поголеми димензии, помала тежина (дo 100 kg), пократок преден дел, продолжено меѓуосовинско растојание, пространа внатрешност…

Прво во втората половина на 2015-та година ќе се појави „Astra K“ хечбек со пет врати, а потоа и други каросериски верзии.

Поточно, тоа се караванската „Astra Sports Tourer“, па новата „Astra GTC“ и седан, а новитет ќе претставува и „Astra Country Tourer“, идната теренска верзија на база на „Astrа“ караван, по примерот на „Insigniа Country Tourer“.

Во секој случај, новата „Astra“ ќе го добие и новото семејство на „GM“ мотори и менувачи (вклучувајќи го и новиот шестстепен мануелен менувач), па купувачите на новата „Astrа“ на располагање ќе имаат 13 бензински и дизел мотори.

Еден од нив ќе биде и 1.0-литарскиот трицилиндарски бензинец со 115KS, додека спортската „Astra OPC“ најверојатно ќе има 2.0-литарска единица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП