25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗDS ќе се продава како посебен бренд

DS ќе се продава како посебен бренд

cirtoren ds3 cabrio

Премиум моделите на „Citroen“ кои ја имаат ознаката „DS“ од 2015-та ќе се продаваат во Европа како посебна автомобилска марка, изјави претседателот на компанијата „Peugeot-Citroen“ (PSA), Карлос Таварес.

„PSA“ уште од претходно најави дека ќе ги дистанцира „обичните“ модели на „Citroen“ од оние луксузните со ознаката „DS“, а сега таа одлука е и официјална.

Во разговор за магазинот „Autocar“, Таварес рекол дека од 2015-та година „DS“ моделите нема да се продаваат под амблемот на „Citroen“. „DS“ брендот и натаму ќе работи во рамките на компанијата „PSA“, но за него ќе важат посебни стандарди при развојот и продажбата на возила.

Таварес вели дека сака марката „DS“ до 2020-та да стане конкурентна на другите европски премиум брендови, како што е „Audi“, така што ќе ја прошири постоечката гама со нови, возбудливи модели.

„Новите „DS“ ќе ги карактеристираат француските стилски трендови, па така на автомобилот ќе се рефлектира францускиот начин на живот“, објаснува претседателот на „PSA“.

Во план е веќе во блиска иднина „DS“ на купувачите да им понуди неколку нови глобални модели, па нивниот вкупен број би требало да се зголеми на шест.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП