24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДи Монтеѕемоло ќе добие отштета од близу 27 милиони евра

Ди Монтеѕемоло ќе добие отштета од близу 27 милиони евра

di montezemolo 82111

Лука ди Монтеѕемоло ќе добие 26,95 милиони евра отштета, откако поднесе оставка пред истекот на неговиот договор со Ферари.

Пред неколку дена Ди Монтеѕемоло објави дека се повлекува од компанијата со која раководи речиси 23 години. Тој ќе биде заменет од страна на извршниот директор на групацијата „ФИАТ- Крајслер“ Серџо Маркионе. Во замена на согласноста да замине, Ди Монтеѕемоло ќе добие првично 13,35 милиони евра на 31-ви јануари 2015-та година, а потоа во текот на 20 години ќе му бидат исплаќани 13,71 милиони евра.

Маркионе и Ди Монтеѕемоло се појавија на заедничка прес конференција на која беше речено дека целите на Ферари остануваат исти како досега.

„Победите се важни за Ферари и немам сомнеж дека можеме да ги постигнеме. Ќе сториме се што е потребно, вклучително и во однос на ресурсите, за да ја исполниме оваа цел“, рече Маркионе.

Ди Монтеѕемоло ја посочи важноста на промените направени под негово раководство во последните повеќе од две децении:

„Во компанијата имаме идеа, средствата и персонал да се вратиме на врвот и сум убеден дека нема да помине долго време пред повторно да сме тимот со кој останатите ќе се споредуваат“.

По прес-конференцијата Ди Монтеѕемоло се врати во фабриката на Ферари во Маранело. Тој се обрати пред „неговите луѓе“ со солзи во очите, дека овие 23 години на чело на компанијата му поминале многу, многу брзо. Имаше специјални зборови за Жан Тод и Михаел Шумахер, како и за спомените за почетокот на неговата кариера во Ферари, итн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП