23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИгра за првиот тим на Баерн, а зема плата од само 250...

Игра за првиот тим на Баерн, а зема плата од само 250 евра!

gaudino 99

Младата надеж на Баерн Минхен, Џанлука Гаудино има месечна плата од само 250 евра, откриваат германските медиуми.

17-годишниот фудбалер е сметан за новиот Тони Крос на „баварците“ и многу наскоро се очекува да потпише професионален договор. Германскиот фудбалер започна како стартер во првиот круг од Бундеслигата против Волфсбург и остави одличен впечаток.

„Клубот ќе дојде кај нас и тогаш ќе зборуваме за договор. Сега најважно за Џанлука е да се развива“, изјави за „Кикер“ таткото Маурисио Гаудино, кој е поранешен национален фудбалер.

Непрофесионалниот договор на талентираниот играч истекува во летото 2015-та година, а со него Гаудино заработува околу 3000 пати помалку од повеќето играчи на Баерн со кои игра во моментов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП