20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗGrand Vitara и Alto заминуваат во историјата!

Grand Vitara и Alto заминуваат во историјата!

vitara 30

Според најновите информации, гамата на „Suzuki“ наскоро ќе остане без два модели. Најпрво ќе престанат со производството на „Grand Vitara“, a потоа истото ќе се случи и со малиот градски автомобил, „Suzuki Alto“.

Kако што дознава „Auto Express“, актуелната „Grand Vitara“ ќе може да се купува уште извесно време или додека не се продадат сите произведени примероци.

Според списанието, тоа би можело да се случи до крајот на годината.

Истиот извор наведува дека „Suzuki“ моментално нема во план производство на директен наследник на „Grand Vitarа“, но гамата на автомобили на јапонскиот производител ќе биде збогатена со нов компактен кросовер, моделот „Vitara“.

alto 30

„Suzuki“ кон крајот на август ја објави првата фотографија од новата „Vitarа“, која ќе има премиера на саемот за автомобили во Париз.

Второто возило кое компанијата ќе го избрише од списокот на свои модели ќе биде „Suzuki Alto“, кој ќе биде укинат во пролетта 2015-та.

Наместо него во продажните салони ќе пристигне „Suzuki Celerio“, нов модел кој европска премиера имаше во март 2014-та во Женева, а кој ќе се произведува во Тајланд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП