28 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 12.09.2014

Дневен хороскоп 12.09.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Емоционалниот живот ви е пријатен и хармоничен. Ќе имате многу добар контакт и одлично ќе се разбирате со партнерот. Можеби ќе се појави некој проблем на работното место, но сепак вие нема да го сфатите толку сериозно. Некоја личност која во минатото не била праведна кон вас, ќе побара средба и можност за нови почетоци.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Монжни се одредени проблеми и напнатост, но вие успешно ќе ги пребродите. Подгответе се за убав работен период во кој постои можност за напредување. Не се откажувајте иако тоа изгледа тешко. Со многу труд и напорна работа ќе бидете меѓу најдобрите. Финансиаката ситуација навлегува во период во кој долго време ќе биде задоволителна.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Можеби денеска ќе ви се укаже прилика за патување, која не треба да ја пропуштите. Прифатете ги сите деловни понуди кои потекнуваат од странство. Успех им престои и на оние претставници чија работа се состои од патување. Лицата кои ви должат некои пари, ќе се појават да ви ги вратата.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ќе имате многу енергија и ќе знаете самите животот да си го направите поинтересен. Добро ви се аспектирани долготрјаните работи како и работите поврзани со недвижнини, па затоа би требало да им посветите повеќе внимание. Емотивно сте стабилни и со одлично здравје. Излезете со пријателите, забавувајте се и пронајдете ја среќата во малите нешта.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Некои Лавови ќе посакаат во работната околина или во самиот процес на работа да внесат некои новини за што денот е доста погоден. Можеби ќе имате и некој помал успех во работата кој нема многу да ви значи, бидејќи ќе биде резултат на тимска работа. Лавовите од третата декада ќе бидат во нешто подобро расположение од другите претставници. Финансиската ситуација ви се подобрува, во љубовта ситуацијата е просечна.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Животот ви се подобрува, а што е уште поважно ќе се чуствувате способни и јаки да се соочите со постојните проблеми. Неодмереноста на некои Девици ќе им донеси проблеми на работното место или во контактите со пријателите. Работата ќе ви предизвикува стресови и проблеми, а односите со соработниците ќе ви бидат напнати. Не обрнувајте внимание на неважни работи, тие само ве оптеретуваат.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Одговорните и самокритични Ваги треба да се подготват за напорен ден. Ве очекуваат предизивици, обврски, а заслугите ќе бидат занемарени. Ако се земе во обзир вашата наклонетост да се грижите премногу и да ги преувеличувате работите, овој ден може да биде многу стресен за вас. За ситуацијата да биде што посложена ниту во вашиот дом не ќе можете да најдете мир.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Трпеливите и толерантни Шкорпии ќе бидат нервозни и скони кон конфронтации. На удар ќе се најдат најблиските соработници и пријатели. Па затоа ќе морате да работите со максимално трпение и што поорганизирано. На работното место ќе се бара многу повеќе од обично, па тоа додатно ќе ве оптеретува. Со оглед на тоа што вашето здравје зависи од расположението можни се одредени здравствени проблеми.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Работното темпо значително ќе ви се забрза па ќе ви биде потребно многу дисциплина и напор за да можете на обврските адекватно да одговорите. Притисокот и тензијата ќе се зголемат и нема да бидете во состојба да ги решите клучните работи. Финансиската ситуација ви се подобрува, а паралелно со тоа и вашиот апетит за трошење расте.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе бидете разочарани од една ваша блиска личност. Бидете потрпеливи и внимавајте како настапувате. Не ги запоставувајте работно-финансиските проблеми, бидејќи можат да се зголемат. Сентиметалните односи ви се одлични ве очекува ден исполнет со љубов и разбирање.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Во текот на денот ќе ви се наметне потреба да бидете природни и да покажете поголема амбициозност. Не применувајте агресивно убедување и претерано зборување во комуникациите, затоа што ефектот може да биде обратен. Родените во третата декада кои се наклонети кон експериментирање во љубовта, потребно е да бидат внимателни, затоа што не се прогнозираат задоволителни резултати.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Работете ја работата посериозно и целосно. Површното работење може негативно да делува врз вашата работа, а особено врз финансискиот дел. Поради новонастанатата ситуација на работното место ќе морате некои работи да ги менувате од корен. Не донесувајте битни одлуки на брзина. Некоја личност од порано која ви должела ќе ви возврати со услуга.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП