27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW Series 2 Cabrio (фото+видео)

BMW Series 2 Cabrio (фото+видео)

cabrio bmw 2

Новата „BMW Seriеѕ 2“ доби уште еден член во семејството. Една година подоцна по претставувањето на купе верзијата, премиера ќе има моделот со отворен покрив.

Наследникот на „BMW Serieѕ 1 Cabrio“ се пресели за еден број поголема серија, а со тоа и порасна.

cabrio bmw 21

Во однос на претходникот, кабриолетот „Serieѕ 2 Cabrio“ е подолг за 72 mm (4.432 mm) ипоширок за 26 mm (1.774 mm). Меѓуосовинското растојание е поголемо за 30 mm и сега изнесува 2.690 mm.

Зголемувањето на димензиите влијаеше автомобилот повеќе да не е така компактен, како шармантната прва генерација, но допринесе патниците на задните седишта да се чувствуваат поудобно, но и да можат полесно да влезат и излезат од возилото.

cabrio bmw 22

Истовремено, зафатнината на багажникот е зголемена за 30 l (на 335 l), со подигнат покрив, односно за 20 l (на 280 l), кога автомобилот се вози со отворен покрив.

Платнениот покрив е достапен во три бои, црна, антрацит и кафеава.

cabrio bmw 23

Можно е подигнување/спуштање и во возење, но само ако не се надмине брзината од 50 km/h, a секоја од овие две операции трае 20 секунди.

Дизајнот на надворешноста и ентериерот во најголема мера се пренесени од моделот „BMW Serieѕ 2 Coupe“.

cabrio bmw 24

Стилските разлики меѓу двата автомобили практично се само различни во покривните конструкции.

„BMW Serie 2 Cabrio“ ќе биде достапен со три бензински и еден дизел мотор.

cabrio bmw 25

Основниот модел, „220i“, е опремен со 2.0-литарски четирицилиндарски бензинец со 184 ks (135 kW) и 270 Nm. Помоќната верзија на овој агрегат, која се наоѓа во верзијата „BMW 228i“, е во состојба да произведе 245 ks (180 kW) и 350 Nm, a со доплата може да биде поврзана со „xDrive“ погонот на сите четири тркала.

Купувачите кои сакаат модел со спортски перформанси ќе имаат можност да го нарачаат „BMW M235i“.

cabrio bmw 26

Овој автомобил има шестцилиндарски 3.0-литарски „TwinPower Turbo“ бензинец со 326 ks (240 kW) и 450 Nm, што му овозможува од 0 дo 100 km/h да забрза за 5,2 секунди, во верзијата со мануелен менувач, односно за 5 секунди, ако моќта на моторот се пренесува на тркалата преку осумбрзинскиот автоматик.

Кога станува збор за дизелите, во понудата е „BMW 220d“ кој под хаубата има четирицилиндарски 2.0-литарски турбо-дизел мотор со 190 ks (140 kW) и 400 Nm максимален вртежен момент.

Иако „BMW Serieѕ 2 Cabrio“ ќе има премиера веќе во октомври во Париз, првите автомобили на купувачите ќе им бидат испорачани на почетокот на 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП