4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРекорден август за Škoda

Рекорден август за Škoda

skoda znak 389

На глобален план „Škoda“ оствари двоцифрен раст во август. Испораките на купувачите пораснале за 14,3 %, a вкупно се испорачани 73.200 возила (во август 2013-та испорачани се 64.000 примероци). Ова е најдобриот август во 119-годишната историја на овој чешки производител.

Најпродаван модел бил „Škoda Осtavia“, следи „Rapid“ кој од своето претставување на пазарот бележи голем успех и значителни продажни резултати.

На сите пазари е забележано дека подмладената гама на „Škoda“ возила е привлечна за купувачите.

Новата „Škoda Fabia“, која ќе биде претставена на саемот за автомобили во Париз веќе на почетокот на октомври, ќе биде следниот важен чекор во стратегијата на „Škodа“ за зголемување на продажбата на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП