29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗGeneral Motors најавува мало возило за европскиот пазар

General Motors најавува мало возило за европскиот пазар

viva vozilo

Иако во последно време најмногу се пишуваше за новата „Corsа“, „General Motors“ исто така планира својата европска понуда да ја збогати и со нов градски модел.

Тоа возило ќе биде со 5 врати и на британскиот пазар ќе биде достапен под знакот на тамошниот „Vauxhall“, a кој за овој новитет ќе го употреби името „Viva“ (име кое „Vauxhall“ веќе го користеше помеѓу 1963-та и 1979-та година). Што се донесува до „Opel“, тие својата верзија на овој мал автомобил нема да го продаваат под тоа име, а останува да се види дали ќе се нарекува „Agila“.

Како и да е, „Vauxhall Viva“ ќе биде направен на истата платформа како и новата генерација на „Chevrolet Spark“, a во продажба се очекува по премиерата на саемот за автомобили во Женева, во март 2015-та.

Автомобилот ќе има 1.0-литарски трицилиндарски бензинец (веројатно и 1.2 и 1.4 литарски агрегати), а се очекува ниска потрошувачка на гориво и мала емисија на „CO2“, мала маса на возилото, простран ентериер (за оваа класа), како и пристапна цена.

Иако таа се уште официјално не е соопштена, се наведува дека ќе биде „екстремно атрактивна“. Неофицијалните проценки на британските медиуми велат дека „Viva“ во Велика Британија ќе чини помалку од 7.000 фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП