2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes AMG GT - родена е нова ѕвезда (фото+видео)

Mercedes AMG GT – родена е нова ѕвезда (фото+видео)

amg gt2

Германскиот производител го претстави новиот супер-спортски двосед и на конкуренцијата и испрати сериозен предизвик.

„Mercedes AMG GT“ не е директен наследник на „Mercedes SLS AMG“, но по престанувањето на производството на овој модел ќе го заземе местото во врвот на гамата на спортски автомобили на компанијата.

amg gt1

Со оглед дека „AMG GT“ би требало да биде поевтин од претходникот, се очекува да привлече и поголем број на купувачи и да постигне подобри продажни резултати.

Можеби на прв поглед не изгледа така, но „AMG GT“ претставува чекор напред.

amg gt3

„Mercedes“ не ја напушти основата на концепт на класичен спортски автомобил со долга хауба под која е сместен „V8“ мотор чија моќ се пренесува на задните тркала.

Меѓутоа, задниот дел од возилото е благо закосен и изгледа поелегантно во однос на претходникот, а завршува со мал закривен спојлер кој по потреба се извлекува при поголеми брзини.

amg gt4

Конструкцијата на вратите е поедноставна, па така тие се отвораат како и кај повеќето автомобили, а не нагоре, во стил на „крила на галеб“, како кај „SLS AMG“. На тој начин се намалени трошоците за производство, но и масата на возилото што за еден спортски автомобил е многу важно.

За „Mercedes AMG GT“ да биде што е можно полесен, конструкторите покрај челикот користеле и други материјали вклучувајќи алуминиум и магнезиум, па така масата на празен автомобил изнесува 1.540 kg.

amg gt5

Новиот модел е со иста ширина како и „SLS AMG“, но од него е пократок за 9,2 cm и повисок за 3,7 cm.

Германскиот производител уште во април ги објави првите фотографии на ентериерот, па така дизајнот на внатрешноста не е тајна.

amg gt

Кабината претставува комбинација на естетика на спортски и луксузен автомобил, а при нејзниото формирање „Mercedes“ очигледно повеќе се инспирираше на најновата генерација на своите лимузини, отколку на „SLS AMG“.

Oд лимузините се превземени карактеристичните детали, како распоредот и изгледот на вентилациските отвори и одвоениот екран на мултимедијалниот систем, кој се наоѓа на врвот на централната конзола. Во понудата се екрани кои наликуваат на таблет, а имаат дијагонала од 7 и 8,4 инчи.

amg gt6

Кога на почетокот на 2015-та кога ќе пристигне во продажните салони, „Mercedes AMG GT“ ќе биде достапен во две верзии.

Основниот модел ќе биде опремен со 4.0 литарски „V8 bi-turbo“ мотор со 462 ks (339 kW) и 600 Nm максимален вртежен момент. Моќта на тркалата ќе се пренесува со помош на седумбрзински менувач со двојно квачило.

amg gt7

Од место до брзината од 100 km/h автомобилот ќе стигнува за 4,0 секунди со максимална брзина од 304 km/h.

На купувачите на кои овие перформанси не им се доволни ќе им биде понуден моделот „AMG GT S“ со помоќен „V8“ мотор кој произведува 510 ks (375 kW) и 650 Nm.

amg gt8

Благодарејќи на дополнителната моќ, „AMG GT S“ ќе биде во состојба од 0 дo 100 km/h да забрза за 3,8 секунди, додека максималната брзина електронски е ограничена на 310 km/h. „Mercedes“ предвиде основниот модел да биде опремен со 19 инчни алуминиумски бандажи, додека помоќната верзија ќе биде достапна и со тркала од 20 инчи.

Верзијата „AMG GT S“ има и специјална „AMG RIDE CONTROL“ спортска суспензија со електронска контрола на амортизерите и три вида на подесување – „Comfort“, „Sport“ и „Sport Plus“. На купувачите на овој модел им е достапен и изборен „AMG DYNAMIC PLUS“ пакет со подобрена динамика на моторот и подобар преносен систем.

За безбедно сопирање „Mercedes AMG GT“ користи дискови со дијаметар од 360 mm, додека на моделот „AMG GT S“ предните дискови се со димензии од 390 mm. Со доплата на располагање се и керамички дискови од 402 mm / 360 mm.

„Mercedes AMG GT“ секако ќе биде една од најголемите ѕвезди на претстојниот авто-саем во Париз, а дали ќе ги привлече симпатиите на купувачите на супер-спортски автомобили ќе дознаеме во пролетта 2015-та кога овој модел ќе се најде на повеќето светски пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП