2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPeugeot 308 GT зa 2015-та година (фото)

Peugeot 308 GT зa 2015-та година (фото)

gt 308

Францускиот производител ја претстави моќната верзија на компактниот модел „308“. Купувачите кои од ова возило сакаат максимални перформанси, ќе имаат можност да одберат помеѓу бензински и дизел „GT“ верзии.

Покрај хечбекот, „Peugeot“ на пазарот ќе понуди и „308 GT“ караван, а двата автомобили имаат дискретно стилизирана надворешност во однос на регуларната верзија.

gt 308 1

„Peugeot 308 GT“ е опремен со фарови и трепкачи со „LED“ технологија, додека на долниот дел на задниот браник во рамките на дифузорот се наоѓаат две трапезоидни хромирани цевки.

Моделот „308 GT“ ќе го препознаете и по тоа што амблемот на лавот, кој кај стандардната „308“ се наоѓа на врвот на хаубата е преместен на средината на маската на ладилникот, а автомобилот е поставен на 18-инчни алуминиумски бандажи.

gt 308 2

Сепак за купувачите кои ќе се одлучат да го набават овој модел пресудна е моторизацијата.

Од октомври, кога ќе се најде во продажните салони, „Peugeot 308 GT“ ќе биде достапен со два мотори. Помоќната верзија ќе има 1.6-литарски четирицилиндарски „THP“ турбо-бензинец со 204 ks (150 kW) и 285 Nm максимален вртежен момент кој е достапен во опсег 1.750-4.500 o/min.

gt 308 3

Моќта на предните тркала се пренесува со помош на шестбрзинскиот мануелен менувач.

Дизел верзијата под хаубата има 2.0-литарски „BlueHDI“ со 181 ks (133 kW) и 400 Nm, на која возачот може да смета веќе од 2.000 o/min.

Оваа верзија е поврзана со автоматски менувач.

gt 308 4

Покрај моќните мотори, „Peugeot 308 GT“ има и подобрена суспензија, а благодарејќи на пакетот „Driver Sport“, подобрен е одзивот на педалата за гас.

„Peugeot 308 GT“ ќе има премиера на претстојниот париски авто-саем, кога ќе бидат познати повеќе технички детали и податоците за цената.

Овој модел е создаден за на пазарот да му се спротивстави на „Golf GTI“ и „GTD“, додека ривалот на најмоќниот „Golf R“ би требало да биде најавениот „Peugeot 308 R“, кој ќе биде заснован на истоимениот концепт од 2013-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП