2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolvo има хит - XC90 First Edition распродаден за 47 часа

Volvo има хит – XC90 First Edition распродаден за 47 часа

 

pro vol2

Новата генерација на „SUV“ моделот на „Volvo“ го започна својот пазарен живот многу возбудливо. Сите 1.927 примероци од првата серија на „Volvo XC90“ се распродадени за 47 часа.

Според зборовите на официјалните лица од компанија, продажбата започнала во среда, 3-ти септември, и повеќето примероци веќе во првиот час од продажбата беа резервирани. Најдобриот резултат е постигнат кога „Volvo“ продаваше 7 примероци од „First Edition“ во минута.

pro volvo 1

Оваа посебна серија на моделот, со која се одбележува почетокот на продажбата на новата генерација на „XC90“, ја нуди целата опрема која може да се добие во „Volvo“. Некои од карактеристиките се црната металик боја под името „Onyx“, бандажи од 21-инч и внатрешност со „Napa“ кожа од висок квалитет. Седиштата имаат опција за ладење, а инструмент таблата е исто така обвиткана со кожа. Во внатрешноста се наоѓаат и апликации од костен.

Грижата за квалитетна репродукција на звукот е доверена на компанијата „Bowers & Wilkins“.

pro volvo 2

Kупувачите можаат да одберат помеѓу два мотори за својот нов „Volvo“ примерок. Едниот е бензинец, кој се нарекува „Т6“, кој благодарејќи на турбо полначот и компресорот развива максимална снага од 320KS.

Љубителите на дизел агрегати би требало да бидат задоволни со „Twin Turbo D5“ мотор кој развива 225KS.

По многу убедливиот старт на продажбата следи период со малку поголем предизвик во кој „Volvo“ ќе мора да се бори со оние купувачи кои не се фанови на брендот, како што се првите 1.927 купувачи. Тие купувачи ќе размислуваат помеѓу „XC90“ и моделите кои ги нуди „BMW“, „Audi“, „Mercedes“, „Porsche“, „Lexus“ и други.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП