28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFIAT ја најави премиерата на моделот 500X

FIAT ја најави премиерата на моделот 500X

x 500

Долгоочекуваниот кросовер на „FIAT“ ќе има светска премиера на почетокот на октомври. „500X“ ја дели механичката платформа со сродниот модел „Jeep Renegade“, a двата автомобили ќе се произведуваат во погонот Мелфи во Италија.

Поминаа повеќе од две години откако во јули 2012-та кога на новинарската презентација на „FIAT 500L“ одржана во Торино, италијанскиот производител на момент откри како ќе изгледа идниот кросовер од семејството „500“.

Иако од тогаш пред секој голем светски саем за автомобили се шпекулираше за премиерата на моделот „500X“, овој кросовер дефинитивно ќе биде претставен на претстојниот авто-саем во главниот град на Франција.

„FIAT“ објави и кратко видео како најава на таа премиера:

На снимката е возило кое се уште е скриено, но може да се видат неговите контури.

Сепак, вистинските тајни кога станува збор за надворешноста на автомобилот нема, затоа што благодарејќи на краткото појавување на торинската презентација, но и според патентните цртежи кои се појавија во јавноста, дизајнот повеќе или помалку е познат.

Засега најголема тајна е ентериерот на „FIAT 500X“.

Моторите исто така не би требало да претставуваат големо изненадување, затоа што се очекува да бидат превземени од „FIAT 500L“ и моделот „Jeep Renegade“, a наскоро ќе дознаеме за кои погонски единици ќе се одлучи италијанскиот производител.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП