19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBoeing го претекна Airbus според бројот на нарачки

Boeing го претекна Airbus според бројот на нарачки

787_dreamliners-main

Американскиот производител на авиони во првите осум месеци од оваа година прими 1004, а европската компанија 1001 нарачка.

„Boeing“ и „Airbus“ забележаа во првите осум месеци од оваа година повеќе од 1000 нарачки за нови авиони, но кога ќе се одземат откажаните нарачки, „Boeing“ е далеку пред својот европски конкурент.

Според последните податоци, американскиот производител во август прими 107 нарачки, па така во првите осум месеци забележа вкупно 1004 нарачки за авиони.

Додека пак „Airbus“ во август имаше 21 нова нарачка, а во осумте месеци вкупно 1001.

По прилагодувањето поради откажаните нарачки, „Airbus“ до август забележа вкупно 722, а „Boeing“ 941 нарачка.

„Airbus“ објави дека откажувањата во оваа година се последица од промената на нарачките од еден на друг модел, односно од „A320“ на новиот и ефикасниот „A320neo“.

„Airbus“ исто така извести дека помеѓу јануари и август имаат испорачано 389 авиони, додека „Boeing“ во истиот период испорача 461 авиони, вклучувајќи и 13 модели од „787 Dreamliners“.

За цела година „Airbus“ планира ист број на испораки како и минатата година, 626 патнички авиони, додека „Boeing“ очекува помеѓу 715 и 725 испораки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП