3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ9 Airbus авиони за Aegean Airlines

9 Airbus авиони за Aegean Airlines

airbusfrancef3e4fwe646ew4f

Грчката приватна авиокомпанија „Aegean Airlines“ нарача девет нови авиони од типот на „Airbus A320“, поради зголемување на обемот на патници.

Пет авиони од „Airbus“ веќе беа нарачани пред почетокот на финансиската криза во Грција, но нарачката потоа беше одложена, пренесуваат белгиските медиуми.

Првиот од деветте авиони ќе биде испорачан во јуни 2015 година, а останатите авиони ќе пристигнат во Грција до почетокот на 2016 година. „Aegean Airlines“ е член на големото здружение на светски авиокомпании „Star Alliance“.

Се очекува дека Грција оваа година би требало да ја посетат 20 милиони туристи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП