18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБлумберг се враќа на чело на својата компанија

Блумберг се враќа на чело на својата компанија

Bloomberg

Поранешниот градоначалник на Њујорк Мајкл Блумберг ќе го презема повторно управувањето на компанијата – „Bloomberg LP“, само осум месеци откако го напушти Градското собрание, пишува „The New York Times“.

Блумберг, кој поседува 88% од неговата компанија, изјави пред изданието дека нема намера да се врати на менаџерската позиција, но во последните месеци се појавувал се почесто во канцелариите на „Bloomberg“.

Конфузијата околу лидерството во компанијата се чини не се одразува добро на главниот извршен директор Даниел Доктороф, кој најави дека ќе ја напушти својата функција до крајот на 2014-та година. Тој е во компанијата од јануари 2008-ма година, а на функцијата главен извршен директор беше назначен во јули 2011-та година.

„Неодамна повторно се занимавам доста со компанијата и тоа го натера Дан да го сподели со мене, дека според него е најдобро да ми ја врати лидерската улога. Тоа беше една љубезна и добра понуда која јас завршив прифатив“, се вели во соопштението на Блумберг.

Доктороф и Блумберг изјавија пред „New York Times“, дека меѓу нив нема лоши односи или битка за водечкото место.

„Кога Мајк одлучи да поминува повеќе време во компанијата, со што троши уште повеќе време, работите очигледно се променија. Тоа не е работата што ја имав во последните шест години. Тоа е неговата работа, а тој сака да учествува во неа. Тој не сака да се консултира со мене за сето тоа, а тоа го прифаќам“, вели Доктороф.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП