28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВака изгледа четвртата генерација на Mazda MX-5 (фото)

Вака изгледа четвртата генерација на Mazda MX-5 (фото)

mx 5

„Mazda“ ја претстави четвртата генерација на најпродаваниот спортски двосед во светот – „MX-5“. Светската премиера се одржа истовремено на церемонии во Барселона, Калифорнија и Јапонија.

Помина 25 години од кога „Mazda“ го редефинираше современиот „roаdster“ нудејќи им на купувачите пристапен спортски двосед со впечатлив дизајн.

„Mazda MX-5“ бргу стекна голем популарност кај љубителите на овој вид на автомобили, па во текот на трите генерации беа произведени и на купувачите им беа испорачани скоро милион возила.

mx 51

Четврт век подоцна, пред нас е најновата верзија, која со својот изглед и технологија повторно ги поставува стандардите во овој автомобилски сегмент.

Oбликувањето на новиот модел беше голем предизвик за инженерите и дизајнерите на „Mazdа“.

„MX-5“ требаше да биде дизајниран во склад со новиот, „Kodo“ стилски израз, кој досега успешно е применет на најновата гама на модели на „Mazdа“, а истовремено автомобилот да не го загуби својот препознатлив изглед кој е изграден низ претходните три генерации.

mx 52

Досегашните модели на „Mazdа MX-5“ имаа заоблени површини, а „Kodo“ дизајнот подразбира остри линии и премини помеѓу поединечни елементи на надворешноста, па требаше да се соединат двете различности.

Како краен резултат, новата „Mazda MX-5“ има агресивен изглед и спуштен „нос“ во однос на претходните генерации. Голема маска на ладилникот која има слична форма како кај актуелниот модел, додека браникот има значително спортски дизајн.

Фаровите се нешто помали и потесни, а со својата неправилна форма допринесуваат автомобилот да изгледа подинамичен.

mx 53

Задниот дел на „Mazdа MX-5“ го зголемува впечатокот дека пред вас се наоѓа возило со исклучително спортски карактеристики, дури помоќно отколку што „MX-5“ е навистина.

Комбинацијата на кружни и трапезоидни елементи на стоп-светлата даваат посебен печат на овој дел на автомобилот.

Хармонично интегрираниот браник преминува во дифузор во својот долен дел, а спортскиот изглед надополнет со две хромирани издувни цевки.

mx 55

„Mazda“ новиот „MX-5“ го претстави во верзија со платнен покрив, а засега не е познато дали ќе биде прикажана и верзија со тврд покрив.

Што се однесува до димензиите, „Mazda MX-5“ не порасна во однос на претходната верзија. Со должина од 3.915 mm, автомобилот дури е пократок и тоа за 105 mm во однос на се уште актуелниот модел.

Намалено е и меѓуосовинското растојание, но само за 15 mm, па распонот помеѓу предната и задната осовина изнесува 2.315 mm. Aвтомобилот е понизок за 20 mm (1.235 mm), но е поширок и за 10 mm (1.730 mm).

mx 54

Како што претходно беше соопштено, благодарејќи на новите конструктивни решенија и потребата на полесни материјали, масата на новата „Mazdа MX-5“ е помала за 100 kg во споредба со третата генерација на овој модел.

Кабината исто така е значително модернизирана, а некои дизајнерски решенија, како воланот со три краци, екранот за мултимедијалниот систем во форма на таблет на врвот на централната конзола или комнадите на клима-уредот, се превземени од другите модели на „Mazdа“ од најновите генерации.

Фабриката засега не откри повеќе детали за погонските единици, освен тоа дека е во прашање специјално прилагодена верзија „SKYACTIV-G“ на бензински мотор со директно вбризгување кој ја пренесува моќта на задните тркала, со помош на шестбрзински мануелен менувач, додека во понудата како опција треба да се најде и автоматик.

mx 56

Се шпекулира дека станува збор за 2.0-литарски четирицилиндарски агрегат со околу 200 ks, а не е исклучена можноста на купувачите во Европа во основна верзија да им биде понуден и 1.5-литарски бензинец кој развива околу 140 „коња“.

Новата „Mazda MX-5“ во продажните салони ќе пристигне во 2015-та, а во меѓувреме ќе бидат познати и спецификациите на моторите, како и цената по која ќе се продава.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП