26 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтлетико го подобри рекордот во овој преоден рок

Атлетико го подобри рекордот во овој преоден рок

superkup spanija

Во летниот трансфер период, екипата која преходната сезона го освои првенството на Шпанија, Атлетико Мадрид, го подобри личниот рекорд кога станува збор за трошењето на пари во еден преоден рок.

Сигурно на неутралните навивачи една од најсимпатичните екипи минатата сезона им беше Атлетико Мадрид, клуб која финансиски неможеше да им парира на великаните како Челзи, Манчестер Сити, ПСЖ, Реал Мадрид или Барселона, но на теренот и тоа како. Овој преоден рок го собори клупскиот рекорд според сумата на пари која беше потрошена за доведување на нови играчи.

Доста првотимци ова лето ја напуштија екипата, некои од водечките играчи од минатата сезона сега ги бранат боите на Челзи, а Атлетико ова лето заработи 84 милиони евра. Ги продадоа Диего Коста и Филипе Луиз во Челзи, Адриано во Порто, а заработија нешто и од позајмици. Дури осум играчи ја напуштија четата на Диего Симеоне, а фудбалерите кои неможеа да изборат место во тимот на Атлетико сега играат во Ливерпул (Манкиљо), Волфсбург (Гилавоџи), Саутемптон (Алдервилд), Порто (Торес), Торино (Рубен Перез), Бенфика (Силвио) и Рајо Ваљакано (Емилијано Инсуа и Лео Баптистао).

Сепак доведени се и адекватни замени, па Диего Симеоне има екипа која може и оваа година да им се спротивстави на Реал и Барселона, што се покажа и во финалето од Супер купот на Шпанија.

Оваа сезона екипата потроши дури 112.1 милиони евра за купување на нови играчи. Нови фудбалери на овој тим се Марио Манџукиќ, Мигел Анхел Моја, Алесио Черчи, Гиљерме Сикуера, Јан Облак, Антоан Гризман, Хесус Гамез, Кристијан Ансалди, Раул Хименез и Саул кој се врати од позајмица од Рајо.

Најмногу чинеше Гризман (30 милиони евра), потоа Манџукиќ за кого платија 22 милиони, додека за Черчи на Торино му дадоа 16 милиони евра.

Досегашниот рекорд беше во сезоната 2011-12 кога беше доведен Радамел Фалкао од Порто, а тогаш Атлетико потроши 91 милион евра.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП