3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот компактен Land Rover - Discovery Sport (фото)

Новиот компактен Land Rover – Discovery Sport (фото)

ds sport

Кога во април на саемот во Њујорк беше претставен новиот концепт „Discovery Vision“, „Land Rover“ најави дека тој автомобил ќе послужи како основа за неколку идни модели од семејството „Discovery“. Првиот од нив, „Discovery Sport“, светска премиера ќе има на парискиот авто-саем.

„Land Rover“ продолжува со обнова на гамата со целосно нов модел кој ќе го наследи „Freelander 2“.

„Discovery Sport“ е нешто подолг од „Freelander“, но ги задржа компактните димензии. Со 4.590 mm новиот „Land Rover“ е подолг од претходникот за 9 cm, oд кои 8 cm се употребени за зголемување на меѓуосовинското растојание кое сега изнесува 2.741mm.

ds sport1

Вториот ред на седишта е повисок во однос на позицијата на седење на возачот и сувозачот за 5 cm и има радиус на помесување напред-назад до 16 cm.

Oва е значајно и поради фактот дека „Discovery Sport“ нуди опција за 5+2 седишта, со што се разликува од сличните модели од премиум сегментот.

Новиот „Land Rover“ продолжува да го следи трендот на дизајн кој компанијата го промовираше на моделот „Evoque“, a кој продолжи на семејството на новиот „Range Rover“.

ds sport2

Сепак, „Discovery Sport“ во најголема мера претставува рационална интерпретација на концептот „Discovery Vision“, што е впечатливо на слиуетата на возилото, а особено на предниот дел, маската и фаровите.

Во однос на споменатиот концепт, се откажаа од минималистичката футуристичка внатрешност со голем екран на централната конзола. Ентериерот е едноставен и потсетува на внатрешноста на моделот „Evoque“.

Комбинацијата на материјали со светли и темни бои е надополнета со детали и лајсни од алуминиум.

ds sport3

На врвот на централната конзола се наоѓа осуминчен екран на мутимедијалниот систем, со чии функции, покрај со допирот со прст, може да се управува и со гласовни команди.

На возачот му се достапни бројни електронски системи, како системот за предупредување за напуштање на сообраќајната лента, автоматското сопирање во случај на опасност од судар, системот за препознавање на сообраќајните знаци…

„Discovery Sport“ е поставен на модифицираната платформа од моделот „Evoque“, додека конструкцијата на возилото е изработена од комбинација од челик од висока и ултра висока цврстина и алуминиум.

ds sport4

Иако станува збор за луксузно „SUV“ возило, не се запоставени ниту теренските карактеристики.

Растојанието од земја изнесува 212 mm, максималниот нападен агол е 25 степени напред и 31 степен позади, па така возилото може да совлада терен кој има наклон до 45 степени.

Кога ќе пристигне во продажните салони, „Land Rover Discovery Sport“ ќе биде на располагање со еден бензински и два дизел мотори.

ds sport5

Дволитарскиот турбо-бензинец развива 240 ks при 5.500 o/min и 340 Nm максимален вртежен момент, кој е достапен во оспег 1.800-4.000 o/min. Oваа верзија стандардно е опремена со деветбрзински автоматски менувач и погон на сите четири тркала.

Кога станува збор за дизел моделите, 2.2-литарскиот тубро мотор ќе има две верзии. Послабиот агрегат ќе произведува 150 ks, a помоќниот 190 ks, додека двата располагаат со максимален вртежен момент од 420 Nm веќе од 1.700 o/min.

ds sport6

На почетокот, дизелите во понудата ќе бидат исклучиво со погон на сите четири тркала, а ќе бидат поврзани со шестбрзински мануелен менувач или веќе споменатиот автоматски со девет брзини, додека подоцна ќе биде достапна и верзија со преден погон, за кој во фабриката тврдат дека ќе емитува само 119 g CO2 по километар.

Новиот модел на „Land Rover“ ќе започне да се продава на почетокот на 2015-та година, а пред тоа се очекува да бидат познати и цените на овој автомобил.

ds sport7

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП