6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Volvo XC90 ќе чини од 62.456 евра

Новиот Volvo XC90 ќе чини од 62.456 евра

xc90 283

„Volvo“ соопшти дека втората генерација на „SUV“ моделот „XC90“, која беше претставена кон крајот на август во Стокхолм, во основната верзија ќе се продава по цена од 62.456 eвра.

Новиот „XC90“ е плод на тригодишната работа на вработените во „Volvo“, a е дел од инвестициската програма вредна 11 милијарди долари, соопшти компанијата.

Целосно новиот дизајнерски израз, на „XC90“ носи и нова, прилагодлива „SPA“ платформа, на која ќе бидат засновани идните модели на овој производител, но и нова технологија на погонските системи.

„Volvo“ тврди дека новиот „XC90“ нуди најсодржински и технолошки најсофистицирани стандардни безбедносни пакети во актуелната автомобилска индустрија, а кои вклучуваат и заштита во случај на излетување од патот и автоматско сопирање на раскрсниците.

Во случај на излетување од патот, автомобилот детектира што се случува и автоматски ги затегнува безбедносните појаси на предните седишта, па така ги задржува патниците во нивните безбедносни позиции. Со цел да се спречат повреди на рбетот, енергијата од ударот се апсорбира меѓу седиштата и рамката на седиштето.

„Volvo XC90“ е опремен и со технологија за автоматско сопирање која делува во ситуациите слични на оние кога на раскрсницата пред автомобилот одеднаш ќе се појави друго возило.

Новиот „XC90“ е достапен со бројна изборна опрема која му овозможува на сопственикот во целост да го пресонализира автомобилот.

Постојат два основни стилски пакети на надворешноста.

„Urban Luxury“ пакетот комбинира каросериски елементи во боја на возилото со детали од полиран нерѓосувачки челик и ексклузивни 21-инчни алуминиумски бандажи кои го заокружуваат елегантниот изглед на оваа верзија.

За разлика од оваа, урбаната верзија, „Rugged Luxury“ го нагласува робусниот изглед на автомобилот со помош на мат црни каросериски елементи и единствени 22-инчни алуминиумски фелни.

Палетата на мотори се состои од бензински и дизел агрегати, а во понудата ќе се најде и хибриден „plug-in“ модел.

Основната верзија на новиот „XC90“ ќе биде опремена со 2.0-литарски „Drive-E“ четирицилиндарски турбо-бензинец со 257 ks (189 kW) и 350 Nm. Најслабиот дизел агрегат ќе произведува 193 ks (142 kW) и 400 Nm максимален вртежен момент.

„Volvo XC90“ зa 2015-та ќе има светска премиера на парискиот саем за автомобили на почетокот на октомври, а во продажните салони ќе пристигне на почетокот на 2015-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП