16 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако ќе изгледа новата Opel Antara?

Како ќе изгледа новата Opel Antara?

opel antara 300

Дилемата за дизајнот на идната „Antarа“ делумно ја реши „Buick“ кој неодамна го претстави новиот „SUV“ – „Envision“, со оглед дека станува збор за сестрински модел на автомобилите на „Opel“.

Моделот „Opel Antara“ е претставен во 2006-та година, а редизајниран е во 2010-та, додека втората генерација на овој модел се очекува во 2015-та.

„Buick“ и „Opel“, кои припаѓаат на концернот „General Motors“, веќе нудат сродни модели кои се продаваат на различни пазари, како што се „Insignia“ и „Regal“ или „Astra Sedan“ и „Excelle“.

Споменатите автомобили на двата производители делат иста платформа и дизајн, а визуелно се разликуваат по стилските елементи кои се карактеристични за секој од брендовите.

Се очекува новата „Antara“ да има сличен дизајн на моделот „Envision“, a најголема промена во однос на овој „SUV“ ќе се случи на предниот дел, каде маската на „Buick“ ќе биде заменета со таа на „Opel“.

Кога станува збор за моторите, се уште нема информации какви агрегати ќе користи новата генерација на „Opel Antarа“.

Од друга страна, „Buick Envision“ кој имаше премиера на авто-саемот во Чангду, на кинескиот пазар ќе се продава со 2.0-литарски четирицилиндарски турбо-бензинец со 260 ks (191 kW) кој развива 353 Nm максимален вртежен момент.

Кај овој модел моќта се пренесува на сите четири тркала со помош на шестбрзински автоматски менувач. Автомобилот е во можност од 0 дo 100 km/h да забрза за 8,4 секунди, додека според фабричките податоци декларираната потрошувачка изнесува 8,8 l/100 km.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП