АВТОБИЗ

Европската премиера на новиот Sorento ќе биде во Париз (фото)

ks1

„Kia“ во Кореја ја претстави новата генерација на моделот „Sorento“, a европската публика овој модел ќе може премиерно да го види на авто-саемот во Париз, на почетокот на октомври.

При конструирањето на новиот „Sorentо“, многу внимание е посветвено на надворешниот изглед на возилото, со оглед дека на неговото обликување, покрај матичното корејско студио учествувале и центри за дизајн од Германија и Калифорнија.

ks2

„Sorento“ зa 2015-та е долг 4.780 mm, што е за 95 mm повеќе во однос на моделот во заминување.

Кабината во која можат да се сместат до 7 лица во три реда седишта, е покомфорна од претходно, а патниците ќе имаат повеќе места за нозете, со оглед дека меѓуосовинското растојание е поголемо за 80 mm и изнесува 2.780 mm.

ks3

Автомобилот е висок 1.685 mm и понизок е од актуелната верзија за 15 mm.

На купувачите ќе им бидат понудени бројни дополнителни опции, како што е панорамскиот покрив, климатизирани седишта, мултимедијален систем со навигација, „JBL“ премиум аудио систем…

ks4

Засега е познато дека на домашниот, корејскиот пазар, „Sorento“ ќе биде достапен во верзии со два дизел мотори.

2.0-литарски со четири цилиндри кој ќе произведува 186 ks (136 kW) и 402 Nm, додека 2.2-литарскиот мотор ќе развива 202 ks (148 kW) и 441 Nm.

Изборот на погонските единици за Европа и датумот на стартот на продажбата ќе бидат познати откако „Kia Sorento“ ќе биде претставен во Париз.