11 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 30.08.2014

Дневен хороскоп 30.08.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе си ја цените слободата и нема да дозволите кој било да ве ограничува и принудува да следите туѓи планови. Денес ќе ги раширите своите крилја и ќе летнете во потрага по забава. Благодарение на Месечината, ќе бидете расположени за дружење без крај. Каде и да одите, ќе наидувате на познаници кои ќе ги заразувате со позитивната енергија.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ќе разговарате, ќе бидете добро расположени и инспиративни, така што ќе ја разбудите својата околина и ќе ја натерате да ви се придружи во своето веселење. Личниот живот ќе страда поради некои работни обврски, но не грижете се – и тоа наскоро ќе се реши. Договорете средба со пријателите кои одамна не сте ги виделе, разговорот со нив ќе ве израдува.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

За полесно да ги поднесете обврските, настојувајте да ги поделите со домашните. Би можеле да задоцните на некој договор или да се оптоварувате со трачеви и неважни ситници. Некои планови ќе се сменат во последен момент, но не по ваша заслуга. Извршете ги последните подготовки. Овој викенд за жал ќе мора да го поминете работно.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Не трошете ја беспотребно енергијата, потрудете се да се опуштите и одморите. Бидете трпеливи со секоја работа. Настојувате да бидете во центарот на сите случувања. Но не можат сите да се завртат кон вас и да ве сожалуваат, променете го начинот на размислување, не сте само вие секогаш малер.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Во еден момент ќе и се предавате на спонтаноста и ќе реагирате импулсивно, а веќе во друг, ќе бидете многу претпазливи. Трудете се да не одите во крајности. Независно од тоа каква бура ќе беснее внатре во вас, денес ќе бидете подготвени да се забавувате. Поминете го викендот во дружба со семејството и пријателите

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Тактизирајте со работите ако сакате да постигнете успех. Нервозите можат само да ви наштетат. Успешни сте во секој поглед. Искористете го вистинскиот момент и со одлучна акција решете го проблемот. Доколку некој се обиде да извлече корист од вас, ставете му до знаење дека е потребно да ви даде нешто за возврат.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Способни сте да ја најдете суштината на проблемите и експресно да излезете од кашата во која сте заплеткани. Во љубовта нема да можете логично да размислувате бидејќи максимално сте вљубени и на партнерот му попуштате за се. За време на викендов без чувство на вина следете ги своите желби.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

На финансиски план, конечно, се стабилизиравте, па полека можете да преминете на наредното ниво. Доколку запознаете нова личност, не дозволувајте вашата лутина и фрустрациите да влијаат врз конечниот суд, туку покажете ги своите квалитети.Доколку пропуштивте нешто, потрудете се тоа денес да го надоместите.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Однесувањето на соработниците ќе влијае на вашето денешно расположение и планови. Бидете дисциплинирани кога е во прашање здравјето. Додека на едно поле ќе назадувате, на друго ќе ви се отвораат нови можности. Нервите ви се чувствителни. Внимавајте на исхраната. Можни се ситни неприлики коишто ќе ве успоруваат на патот кон целта

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Споделете дел од обврските со друга личност и побрзо ќе се ослободите од товарот. Време е да заборавите на калоричната храна во која уживавте овој период и да го наполните фрижидерот со здрава и свежа храна. Потрудете се да ги воочите слабостите и да ги контролирате. Ќе бидете повикани на забава каде ќе сретнете пријатни лица.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Парите во овој момент ви се на прво место, така што дури и би прифатиле работа која не ве интересира. Рационалноста е изразена и тоа е добро, но морате да се свртите кон сопствените проблеми. Одработете си ги своите работни обврски зашто наскоро би можеле да се најдете во голем хаос.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Имате внимание од семејството и пријателите и нема потреба да се чувствувате тажно. Насочете се кон нештата кои ве прават среќни и не се разочарувајте од ситниците кои не ви успеале. Наскоро ви претстои позитивен период во кој многу ќе напредувате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП