12 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 29.08.2014

Дневен хороскоп 29.08.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Сакате да отпатувате некаде далеку каде вашите проблеми не постојат, но тоа во моментов не е можно. Не бегајте од проблемите, започнете еден по еден да ги решавате. Сакате забава, ја игнорирате работата, а сето тоа ќе резултира со помали приходи. Планирате некакво изненадување за најблиската личност, а тоа ќе биде повеќе од успешно.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Некои средства, пари или имот ќе пристигнат до вас. Можеби ќе се чудите како среќата ве посакала токму вас, но тоа е сосема нормално, бидејќи овој период е доста поволен од финансиски аспект. Ќе добиете некои пари, кои веќе сте ги заслужиле со напорната работа. Забавувајте се, излезете со пријателите и поминете си убаво.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Сакате да се реализира некоја ваша замисла, но потребно е малку повеќе да се потрудите. Ќе ве повикаат на некој деловен разговор на кој ќе бидете успешни и ќе преземете нов проект од кој ќе профитирате. Среќни сте и задоволни со партнерот, затоа возвратете му ја грижата и љубовта.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ви претстои поволен период за релаксација и опуштање. Уживајте во убавите мигови и соберете сила за работа. Ќе бидете повикани на некој настан, каде ќе се сретнете со многу интересни лица кои ќе ви остават силен впечаток. Не размислувајте за проблемите, за се постои решение.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Имате некој сомнеж кој не ве остава мирно да седите. Постојано провоцирате и се обидувате да направите кавга во која лицата околу вас ќе се издадат што мислат. Ве мотивираат погрешни нешта, поради кои во иднина ќе имате проблем. Финансиската ситуација која веќе е сложена во блиска иднина ќе биде уште потешка, бидејќи постои можност да ја загубите работата.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Имате стратегија со која успешно ги завршувате работните обврски. Вашите колеги и соработници овој ден ќе бидат презадоволни од вашата помош. Имате среќа и на полето на љубовта, вашиот партнер ќе ве изненади со нешто прекрасно. Уживајте во заедничките моменти.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе имате некоја кавга која ќе ја разниша вашта самодоверба. Некој пријател е лут поради вашите постапки. Овој ден не е поволен за вас и затоа изолирајте се од околината. Поминете некое време сами и размислете кој ќе биде вашиот следен потег. Советите од семејството нема да можете да ги примените.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Постои опасност да се скарате со некоја драга личност, затоа не претерувајте туку послушајте го нејзиниот совет. Ќе се влучите во некоја организација во која ви претстои успех како во полето на кариерата така и во љубовта. Можно е да отпатувате на неколку дена, остварете контакти со вашите поранешни соработници.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ова е мошне поволен ден за вас и вашата кариера. Откако ќе ги завршите сите обврски на работа ќе бидете повикани на состанок од кој ќе излезете уште посреќни. Советите кои ви ги дава некој Овен се добронамерни, но сепак не ви се од корист. Во недоразбирањата со семејството треба вие да попуштите.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Имате некој план за акција, идеја за бизнис, но спроведувањето тешко ви оди. Не се откажувајте, доаѓа поповолен период во кој ќе забележите успех. Поддршката од семејството ќе ве однесе кон добрите резултати. Можни се проблеми со здравјето кои нема да сакате да му ги кажете на никој. Погрижете се соодветно да ги средите.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Имате планови, постојано планирате но реализацијата на истите никако да дојде на ред. Престанете да мечтаете за милионски суми и внимателно инвестирајте ги парите. Потребно е да ги намалите и трошоците бидејќи финансиското поле во овој период навлегува во неповолна средина. Некој близок ќе побара заем од вас, размислете добро пред да му дадете пари.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Сакате да се опуштите и да го ослободите мозокот од постојаните планирања на иднината која всушност не зависи само од вас. Треба да го прашате и партнерот кои се неговите планови, но вие мудро си молчите. Постои можност да се расправате со вашето пошироко семејство. Избегнете ја кавгата доколку можете, бидејќи многу лица ќе го сменат нивното размислување за вас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП