19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКонцептот на новата Niva изгледа моќно

Концептот на новата Niva изгледа моќно

212932776753fd82c9bc317346860261_640x39585

Можеби не изгледа премногу оригинално, но дизајн студијата која ја најавува втората генерација на „Chevrolet Niva“ претставува вистинско освежување во споредба со претходната верзија на рускиот теренец кој го носи ова име.

На саемот за автомобили во Москва, кој ги отвора вратите за посетителите на 29. август, компанијата „General Motors – AvtoVAZ “ ќе го изложи концептот на наследникот на „Chevrolet Niva“.

Иако дизајнерите „позајмиле“ одредени стилски детали од други производители, како од „Mercedes“ и од моделот како што е „Ford EcoSport“, концептот прикажува дека втората генерација на „Chevrolet Niva“ ќе биде интересно возило.

145862135353fd82cd6e8bc809474024_640x43185

Автомобилот е долг  4.316мм, што е за 260мм повеќе во однос на актуелната „Chevrolet Niva“.

Деталите за моторот суште не се официјално претставени, но руските медиуми пренесуваат дека станува збор за 1,8 литарски четири-цилиндричен бензинец со 136КС (100kW), преземен од компанијата „PSA – Peugeot-Citroen“.

Втората генерација на моделот „Chevrolet Niva“ би требало да се појави во продажба во 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП