12 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 27.08.2014

Дневен хороскоп 27.08.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Со оптимизам гледате на некои случувања поради кои до вчера се нервиравте. Бидејќи наскоро ве очекува прослава, подгответе поголема сума пари. Не се потпирајте на соработниците, тие нема да ви помогнат, обидете се самите да го извлечете максимумот од неповолниот период во кој се наоѓате.

devica1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Сакате повеќе одмор а помалку работа, но исто така ги сакате и парите, а пари без работа нема. Мотивирајте се некако, најдете време и посветете си се малку самите на себеси. Охрабрете се да работите поуспешно. Тоа ќе ви се исплати бидејќи ако во овој период се истакнете дека повеќе вредите од тие околу вас ви претстои жанса за уште поголема добивка.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Се чувствувате релаксирано и уживате во животот. Проблемите и недоразбирањата кои ги имавте сами со себе се зад вас. Но, сега треба да се размислува за иднината. Бидете искрени и признајте си дека е време за нова етапа во вашиот живот. Некоја принова во вашето семејство ќе ви донесе дополнителна радост.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Обидете се да ја добиете довербата на еден Лав кој знае како да ви ласка но не ги отвора картите пред вас. Можно е и двајцата да се наоѓате на некој нов терен кој е непознат за вас. Сакате ризични работи и ситуации во кои вашето знаење доаѓа до израз. Мотивирајте се да работите повеќе, ве очекува добивка.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Прашањата во врска со финансиите и приватниот бизнис стануваат многу приоритетни за вас. Оптеретени сте со евентуалните проблеми кои би можеле да се појават во соработката со колегите, можеби и со претпоставените. Сметате дека се многу неблагодарни за се што сте направиле за нив. Најсигурни ви се Јарецот и Девицата. Една Шкорпија се надева на вашата помош или на заедничка соработка.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Можно е да се подготвувате за средба со некој кој не сте го виделе подолго време, а ви е особено драг, можно е тоа да е некој Бик или Стрелец. Астролошката куќа на пријатели е добро позиционирана, во овој период ќе им посветите големо внимание на средбите со пријателите. Не се откажувајте од вашите цели и од она што го работите, многу полесно можете да постигнете повеќе од тоа што мислите.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ви претстои напорна работа но вие не се возбудувате многу за тоа бидејќи ви одговара чувството дека можете да се надминете дури и себеси и подготвени сте да влезете во многу комплицирана работа или да се приклучите во тимот на соработници кои имаат големи побарувања. Имате цел пред себе и сакате по секоја цена да го направите она што сте го планирале, без оглед на која возраст сте и со што се занимавате. Немате многу доверба во некоја Шкорпија која често ве критикува.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

На почетокот на денот ќе бидете добро расположени, но во текот на вечерта ќе дојде до промена. Постои можност да бидете малку нерасположени и плачливи без некоја посебна причина. Всушност вас ве совладуваат емоциите и не можете да приметите дека работата одлично ви оди, соработниците го ценат вашето мислење и компанијата во која работите се надева на вашата помош.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Бидејќи ја остваривте финансиската добивка, пожелно е да застанете. Премногу сте свртени на материјалната страна на животот, уживањето во љубовта, храната и пиењето, па сте заборавиле на духовната компонента. Нема потреба од претерување, само најдете ја златната средина. Денешните активности ви се проследени со бурни емотивни реакции. Лесно ќе се најдете во ситуација да постапите нетактички, за што подоцна ќе се каете. Бидете внимателни.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Денес и во следните неколку дена имате мотиви и енергија да започнете со реализација на планови и идеи кои ги имате доста долго во умот и чија реализација секако ќе ви предизвика доста задоволства и среќа. Имате енергија и успешноста е правопропорционална со мотивите кои ве туркаат напред.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе имате перфектно избалансиран однос помеѓу сопствените, туѓите и општите барања и можности. Контаките со околината ќе ви бидат одлични, особено добро ќе соработувате со вашите колеги. Ви препорачуваме тимска работа. Советите од некоја Вага одлично ќе ве насочат.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Бидете претпазливи во вложувањето пари и имот. Ви годи сознанието дека се наоѓате во центарот на вниманието, различните ситуации на вас дејствуваат мошне сериозно. Во зависност од личното интересирање или мотивација, одберете работа која носи најдобри резултати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП