„Ford“ во април го одложи претставувањето на најсилната верзија на моделот „Focus“ за 2016 година. Во меѓувреме компанијата се фокусира на испитувањето на перформансите на прототипот на една од најтешките тест патеки.
„RS“ верзијата ќе биде последниот модел од актуелната генерација пред „Ford“ да го претстави потполно новиот „Focus“ во 2017 година.
Иако е прототип сеуште „спакуван“ во каросерија на стандарден „Focus“, на снимката во Нирбургринг се гледа дека „Renault Megane RS“, „Seat Leon Cupra 280“ и новиот „Civic Type R“ ќе добијат опасен конкурент.
„Ford“ порано најави дека новиот „Focus RS“ ќе се произведува само во верзија со пет врати.
За погонот е избран четирицилиндричен 2.3-литарски „EcoBoost“ мотор кој е преземен од новиот „Mustang“, а силата од 350 ќе биде намалена на околу 330 „коња“.
И покрај тоа, новиот „Focus RS“ ќе биде за 25KC посилен од претходната генерација на овој модел која под хаубата имаше петоцилиндричен 2.5-литарски мотор.
Се очекува дека почетната цена на овој автомобил да изнесува околу 34.000 евра.