11 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 26.08.2014

Дневен хороскоп 26.08.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Имате големи очекувања од иднината, но наместо толку да се надевате земете и најпрвин завршете ги работните обврски, потрудете се да се вклучите во нови работни проекти, истакнете се и обидете се да заслужите напредување. Постои можност да сретнете некоја личност од минатото која ќе ве потсети на безгрижниот детски живот.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Не треба да се разочарувате затоа што лицата околу вас имаат работа која е подобро платена, сами треба да го промените тоа, вие вредите повеќе но во моментов сте во незгодна ситуација која не ви дозволува да барате посебни услови на работното место, затоа издржете уште малку и зачувајте ја работата. Ќе добиете финансиска поддршка од партнерот.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Пред вас стои ново работно место кое најверојатно ќе биде подобро платено од досегашните ваши работни места. Бидете посериозни и работете вредно, трудот ќе ви се исплати. Во љубовта имате неверојатна среќа што сте ја запознале личноста која стои до вас. Таа е вашата поддршка каде и да одите што и да правите.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Тагувате за некои постапки во животот но сега е веќе доцна. Не гледајте наназад, гледајте пред себеси. Некој од семејството ќе ве изневери во однос на очекувањата. Гледајте да не ве натажи и таа ситуација. Започнете да менувате нешто на себеси. Имате можност за успех во блиска иднина, но сето тоа ќе се случи само ако додадете малку оптимизам на себеси.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Сакате некаков искрен разговор со саканото лице, но тоа ве одбегнува. Чувствувате дека постои некој проблем и дека не е се како порано. Не кажувајте навредливи нешта избрзано, воздржете се. Сте планирале некаков пат во странство, но тоа нема да ви се исполни барем не во овој момент, ќе треба да почекате. На работното место не се задоволни од вашите залагања, многу ветувате, малку работите.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Имате некаков нерешен проблем кој денес ќе ви стои пред патот, соберете сила и разговарајте со партнерот за сето тоа. На работното место ќе мора да ги завршите и задачите кои не успеале да ги завршат вашите колеги. Не се нервирајте од тоа ќе произлезе шанса за поголем напредок. Бидете забележливи, нагласувајте ги вашите карактеристики.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Живеете во монотонија, секој ден истото, работа-дома. Воведете некакви активности и простор за забава во животот. Излезете во омиленото кафуле, сретнете се со пријателите и разбијте ја монотонијата. Во врска со кариерата не ве очекуваат некои поголеми промени, а истото важи и за љубовта.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Прекршивте некои правила и сега ја очекувате казната за тоа. Таа иако доцни сепак ќе ве стигне. Некој е навреден од вашето однесување и тоа ќе ви го каже јасно и гласно. Не возвраќајте, бидејќи и така веќе сте ја претерале. Внимавајте на здравјето не ја зголемувајте тежината.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Напорно работите, ги завршувате сите обврски и никако да добиете поголема плата или поголемо признание. Можеби се наоѓате на работно место каде никој не ве цени. Во периодот очекувајте понуда за нова работа, односно очекувајте дека некој од страна ќе го забележи вашето напорно работење. Во љубовта ќе завладее монотонија, која можеби ќе се задржи подолго време.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Очекувате изненадувањето од некое лице. Тоа нема да се случи иако ви било ветено. Престанете да ја осудувате околината, осудете се себеси за тоа што во последно време во ништо не сте напреднале. И здравјето алармира нередовен живот, внимавајте на оброците кои ги внесувате.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Сакате забава за една ноќ, но тоа може скапо да го чини вашиот кредибилитет. Не се плеткајте во работата на шефот, и не им шефувајте на колегите, бидејќи и тоа скапо ќе ве чини. Односите со околината ќе бидат лоши, можно е да загубите некој верен пријател. Вклучете се во некоја нова активност и пополнете си го времето.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Едвај го чекате периодот за одмор и уживање. Не ви се работи, ве зафатила мрзеливост која ве принудува да лажете на работното место. Но издржете уште малку, допрва доаѓа периодот за одмор. Колегите ќе ви помогнат полесно да си поминете овие денови и ќе ги завршат вашите проекти, запомнете го тоа и вратете им со иста мера. Во љубовта се е совршено, одлично се разбирате со партнерот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП