25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW M4 – празник за очи и уши (видео)

BMW M4 – празник за очи и уши (видео)

82542293853f744769b7f0515612064_640x35885

Некои организации применуваат сериозни тестови кога сакаат да примат нов член во своето друштво. Погледнете преку што се мораше да помине „BMW M4“ за да стане полноправен член на „М“ заедницата на „BMW“ во Америка.

„BMW M4“, еден од најинтересните нови спортски автомобили, пристигна на американскиот пазар.

Наследникот на моделот „М3 Coupe“ од претходната генерација е опремен со 3.0-литарски шестоцилиндричен „TwinPower Turbo“ мотор коj испорачува 431кс и развива најголем вртежен момент од 550 Nm. Во верзијата со седумбрзинскиот „M DCT“ автоматски менувач, овој автомобил од 0 до 100 км/ч забрзува за 4,1 секунди.

Со огромната сила која се пренесува на задните тркала, „M4“ е идеален дрифт автомобил, а вешт возач може многу да се забавува зад неговиот волан.

Покрај главната ѕвезда на ова видео, „BMW M4“, статираат уште 52 автомобила кои припаѓаат на некои од поранешните генерации на „M“ моделот, а „BMW“ пресмета дека збирната сила на сите автомобили на сетот изнесува 11.566кс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП