11 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 25.08.2014

Дневен хороскоп 25.08.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

На почетокот на работното време ќе се соочите со големиот број на обврски кои ве очекуваат. Но вие некако ќе потфрлите и сите обврски ќе им ги предадете на вашите колеги, тоа нема да ви биде првпат но можеби ќе биде последен по бурната реакција од колегите. Сакате разонода и забава, мечтаете за бурна љубовна романса.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Мрзеливо ќе им пријдете на работните обврски и со голема мака ќе ги извршувате. Сепак по завршувањето на работното време ќе најдете начин за опуштање. Вашиот партнер ќе ви ја подари љубовта која ја залужувате. Ве очекува некакво изненадување кое ќе ве разнежни.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Се мислите од каде да започнете, обврските ви натежнале, а вие не знаете од кого да побарате помош. Колегите и соработниците ќе побараат помош за некој проект за кој вие реално не сте подготвени, внимавајте на потезите можете да погрешите. Во љубовта и семејството се е добро организирано. Пријателите ќе очекуваат ваш повик за заедничко кафе.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Планирате како да го поминете слободното време, одете на некое патување ако финансиската ситуација ви го дозволува тоа. Не грижете се за семејството и нивните проблеми, се ќе биде во најдобар ред. Ќе имате контакт со некои лица од странство и ќе дознаете некои неочекувани нешта.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Никако да ја средите вашата нервоза која во последно време управува со вас. Посакувате да заминете далеку и проблемие да им ги оставите на другите. Мора да научите да се борите со предизвиците. Колегите од работа ќе ве покријат на работното место, а семејството ќе ви даде поддршка во проблематичните денови.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Напорно работите и се трудите да добиете зголемување на платата, тоа остварување можеби малку ќе доцни но сепак ќе се случи. Финансиските проблеми ќе ги надминете доколу порационално ги трошите вашите пари. Некој проблем од минатото ќе ве потсети како да се снајдете во денешните ситуации. Разговарајте со пријателите, тие ќе ви дадат дополнителна поддршка.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ви недостасува одмор и релаксација, работното место ве заморува и ви создава главоболка. Земете неколку слободни денови и заминете на кратко патување. Време е да размислите за некои похрабри потези во животот, како бракот и децата. А доколку сте во брак, тогаш размислете каде да ги инвестирате заедничките пари. Постои можност за солидна заработка, која ќе дојде сосема неочекувано.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Се грижите за финансиските проблеми кои ги имате во последно време. Обидете се да најдете нешто од кое ќе остварувате дополнителни приходи. Побарајте помош од пријателите. Ова е неповолен момент да земете кредит од банка. Вашето здравје е нарушено, а сето тоа е поради нервозите кои ве совладуваат. Обидете се да се релаксирате, ќе најдете ешение за проблемите.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Сакате да организирате забава за пријателите. Направете го тоа на оригинален начин, сите ќе бидат задоволни. Посвете и внимание и на работата, можно е да се вклучите во некој проект кој ќе ви донесе голема заработка. Не им верувајте на оние кои ви кажуваат песимистички прогнози. Проценте сами кој е наредниот потег.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Околината ве советува да направите нешто за кое вие сеуште не сте подготвени. Имате проблеми самите со себе и никако не можете да се договорите. Можеби се плашите од обврските кои доаѓаат. Вашите пријатели ќе ве повикаат на разговор за заедничко инвестирање, но внимавајте можеби вие сте само изворот на финансии.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Сакате некаква промена во социјалниот живот, не сте задоволни ниту од себе ниту од партнерот. Потезите во овој период ќе ви бидат клучни за понатамошните случувања. Внимавајте на здравјето, недоволно спиете, а тоа ви го намалува имунитетот.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Имате идеја за бизнис, и повторно тоа е идеја за која е потребно големо инвестирање. Веќе немате поддршка од околината, ниту од пријателите, а семејството не ве сфаќа сериозно. Ќе се обидете да дојдете до некоја информација која ќе ви помгоне да го решите проблемот со имотот кој веќе долго време ве измачува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП