12 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 23.08.2014

Дневен хороскоп 23.08.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Иако копнеете да бидете на врвот, понекогаш и второто место не е за потценување. Денес балансирајте помеѓу соло и тимска работа. Заборавете на егото и оставете вашите дела да зборуваат за вас. Треба да му обрнете повеќе внимание на одредено лице од спротивниот пол и да ги подобрите односите со него. Посветете им време и на креативните работи.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Избегнете да влегувате во тесно и концентрирајте се на она што ви се случува моментално. Не дозволувајте проблемите да ве контролираат. Подобро е денес да се концентрирате на оние проблеми кои можете да ги решите, наместо на нешто од минатото кое не можете да го промените. Закажете средба со поранешните соработници, ќе ви се отвори можност за дополнителен профит.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Бидејќи упорно настојувате да го добиете од другите она што не се во состојба да ви го дадат, кавгата е неминовна. Се советува внимателност, и тоа не само кога се во прашање зборови. Обидете се аналитички да му пријдете на проблемот и да најдете за него оправдување. Доста ви е од трач и озборување. Се повлекувате во свој свет, па на мир анализирате се што ви се случува. Собирате сила за нови победи, а ќе имате победи за некој ден.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Не сте подготвени да попуштите пред барањата на некој кој сметал на вас. Не влегувајте во расправии со ониe кои не се доволно зрели или кои имаат нешто против вас. Денес можете да бидете прилично сентиментални или носталгично расположени поради нешто што се однесува на вашиот успех во минатото. Имате можност да го повторите. Верувате дека ќе можете да се снајдете во некоја нова работа која би можела да ви донесе добра заработка.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Расположени сте за дебатирање и за интересен разговор. Сепак, не се задлабочувајте во дискусија со претерано зборлеста личност. Тоа може да ви одземе неколку часа од денот, па потоа ќе ви биде криво што сте го потрошиле времето бескорисно. Проценете дали вашиот соговорник сака да се поврзе со вас или пак сака само да си го слуша сопствениот глас.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Имате идеја која сакате да ја споделите? Ова е одличен ден за да го сторите тоа. Без разлика дали се работи за личен или професионален проект, ќе имате способност да ги убедувате луѓето да ги прифатат вашите идеи. Искористете ја дадената шанса.Искористете го оптимизмот и насочете се кон своите идеи. Вложувате минимални напори, а постигнувате добри резултати

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Никако нема да можете да ги соберете вашите мисли на едно место. Дури и да сакате да останете сконцентрирани, нема да успеете, затоа што фантазиите повеќе ќе ве привлекуваат. Чукнете си ја главата, отворете ги очите! Има многу работи кои пропуштате да ги видите поради тоа што талкате во фантазиите.Можни се проблеми со финансиите, избегнувајте инвестиции.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Чувствата ќе ви попречуваат во донесувањето на решение и ќе ја замаглуваат вашата проценка, а ова посебно важи за врската. Бидете внимателни и избегнувајте темпераментни реакции и детски расправии. Не ја префрлајте вината врз партнерот без објективно да ја погледнете ситуацијата. Ако нешто ви пречи, оладете и анализирајте ги работите пред да се впуштите во напад. Хуманоста ќе ве натера да ги искористите сите расположливи средства за да помогнете некому.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Конечно ќе чувствувате стабилност, па не се обидувајте повторно да ги повикате проблемите во вашето секојдневие. Главата ви е полна со идеи кои чекаат да бидат реализирани, но денес не е погоден ден за да започнете нешто ново. Подобро фокусирајте се на личните и професионалните проекти кои веќе ги имате пред вас. Една задача што не треба да ја избегнувате е планирањето на финансиските средства, бидејќи лесно може да се најдете во криза.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Потрудете се да остварите добра соработка со другите, немојте да се нервирате за тоа кој што зборува. Секако, ако постои начин да го израдувате партнерот направете го тоа, не дозволувајте се да се врти околу вас. На работа одлучете кои работи ќе ги работите. Не нервирајте се ако не можете се да постигнете, денес направете план за следната недела. Тоа би ви било најпаметно.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Работите не се секогаш такви како што изгледаат на прв поглед, завртете се околу себе и проценете дали некој ви работи позади грбот. Бидете суптилни, не донесувајте избрзани одлуки, бидејќи тие би можеле да се свртат против вас. Само мирно и концентрирано, единствено таквиот пристап може да ви го донесе она што го сакате и со кое полесно ќе ги остварите целите.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Изгледате самоуверено и сакате да ги покажете своите способности на секој можен начин. Доколку сакате да се разликувате од другите, бидете креативни. Позитивната енергија насочете ја целосно кон партнерот. Ве очекува успешен ден, но и желба за доминација. Уживате во докажувањето на сопствените вредности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП