11 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 22.08.2014

Дневен хороскоп 22.08.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Вашиот инат е поголем од било што, но вие на тој начин можете да загубите некоја драга личност. На работното место обврските ве соборуваат, а вие немате сила да се справите со нив. Обидете се да научите дека не сте секогаш во право и прифатете ја помошта која ви ја нуди некоја Водолија.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Таман си помисливте дека ги избегнавте сите проблеми, еден нов тропа на вашата врата, но и тој е решлив, затоа не се грижете. Не планирајте нешта кои треба да се случат за три години, планирајте нешто што треба да се случи оваа недела. Избегнувајте да бидете перфекционисти, може нешто да биде направено и поинаку. Не се грижете ви претстои период полн со позитивни изненадувања.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Едно мислите, друго правите. Двете лица во вашиот карактер ви создаваат проблеми. Околината ве осудува а вие знаете дека не сте во право но сепак гордо се инаетите. Оние кои не работат постои можност да бидат повикани на некое работно место. Во љубовта се ви е под конец, но тоа не е така поради вас, туку поради грижата и трудот на вашиот партнер.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Депресијата е вашето второ име, мора да излезете од тој негативен круг. Размислувајте за понатамошниот живот, забележете дека всушност и не се така лошо поставени работите. Премногу ги осудувате колегите, и тие се во незавидна позиција. Соработувајте со нив и намалете ги проблемите. Семејните несогласувања се поради недостигот на искрена комуникација.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Си правите планови што и како да си купите, а финансиите за исполнувањето на тие желби всушност ги немате. Мора да бидете пореални, не се напреварувајте со вашите пријатели кои можат да си дозволат многу нешта. Мрзеливоста ве совладала, работните обврски стојат во место а за напредување не ни рамислувате. Пријателите, односно некоја Вага и некој Стрелец ќе бидат разочарани од вас. Постои можност за сериозна кавга.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Правите планови како да го поминете викендот и не забележувате дека денешните обврски полека се наталожуваат а на вас се повеќе ви недостасува време за нивно извршување. Посакувате некаква романса со вашиот колега, но тоа не е добар избор. Вашето семејство сериозно ќе сака да разговара со вас, можеби ќе слушнете нешто што многу ќе ве изненади.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Навлегувате во период кој ќе биде исполнет со монотонија. Не го сакате тоа но сепак ќе бидете во таква ситуација. Некој ваш близок ве лаже за неговите постапки. Сонувате да заминете на некоја друга планета и да се одалечите од проблемите, но без реално соочување нема никакво решение. Партнерот очекува да му купите некои нешта за кои искрено мислите дека не ги заслужил.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денес вашето расположение ќе биде максимално позитивно. Доаѓа викендот а вие бидејќи сте ноќна птица тоа за вас е нешто посебно. Во вечерните часови ќе запознаете некоја личност која ќе ви го промени животот. Внимавајте како се однесувате, добрите прилики доаѓаат само еднаш во животот. Бидете поскромни, не знаете што ве очекува во иднина.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Денес вие ќе бидете главното лице за забава на работното место, ќе ги насмеете дури и најнамќорестите колеги. Денот ќе ви биде исполнет со смеа и изненадувања, работните обврски ќе ги извршувате брзо и дури ќе можете и порано да го напуштите работното место. Во семејството исто така ќе владее хармонија. Ве очекува изненадување кое ќе ви го промени животот.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Не се решаваат сите ситуации со кавга, пробајте со мирен разговор да ги решите проблемите на работното место но и во приватниот живот. Некој ќе ви соопшти некоја вест која тотално ќе ве натажи.  Побарајте помош за мирно прифаќање на новата ситуација во животот од ваш пријател кој е Риба. Плановите за сопствен бизнис нема да ви се исполнат.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Имате премногу очекувања од некое лице кое всушност ништо не ви ветило. Ќе бидете разочарани од семејните проблеми, но брзо ќе ги решите. Не ги откривајте вашите најинтимни тајни пред пријателите, нема да бидете подржани од никој. Сакате забава и разонода, оставете го тоа за некој поповолен период.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Многу лесно им верувате на приказните кои ви ги раскажуваат лицата околу вас. Внимавајте некој во вашата околина не ви мисли добро. Проблемот кој ќе ви го направи може сериозно да ве растажи. Организирајте семејно дружење, опуштете се и уживајте, имате потреба од тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП