18 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 21.08.2014

Дневен хороскоп 21.08.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Не и се спротивставувајте на околината, не можете сами против сите. Денес не инвестирајте во недвижнини, хартии од вредност, ова не е поволен ден за такви потези. Постои можност за кавга со партнерот, а можна е и разделба. Вашето инаетење не ве води никаде.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Се чини дека премногу барате од некои луѓе кои едноставно немаат капацитет да ги извршат сите задачи. Земете ја работата во ваши раце и завршете ја на ваш начин, доколку сакате да профитирате. Партнерот е несериозен и постојано раскажува шеги, покажете му дека во некои моменти едноставно е потребно да биде сериозен. Заземете ваш став за семејните проблеми.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Постојано несериозно се однесувате, околината веќе сфатила какви сте и не се ни потпира на вашето мислење или вашата помош. Посакувате да патувате, одмарате и излегувате. Работата ви е последна на списокот, а вашите финансиски средства јасно покажуваат дека е потребно да работите и да заработувате. Партнерот ќе ви биде лут и тоа со право.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Можеби си мислите дека само на вас ви се случуваат непријатни ситуации и незгоди, но не е така, само вие премногу емотивно ги доживувате. Финансиските проблеми дополнително ви прават проблеми, не ги обвинувајте другите за тоа, побарајте нешто плус од кое ќе земате дополнителни парични средства. Здравјето ви се подобрува, обрнете внимание на исхраната.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Психичката ситуација повторно ви е разнишана, тоа потекнува од намалената самодоверба и тагата која ја чувствувате. Обидете се нешто да промените, започнете најпрво од вашиот животен простор и зафатете ги сите животни сегменти и во секој сменете по нешто. Партнерот ве анализира и сака да ви помогне, но вие не сте отворени за помош. Научете дека сите имаме по некој тежок ден.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Очкувате некоја парична помош, но не забележувате дека тоа се само лажни ветувања. Обратете се до семејството тоа ќе ви помогне. Овој ден е поволен да зачекорите подлабоко во кариерата, можно е напредување. Проблемите денес ќе ги решавате веднаш и нема да размислувате за последиците. Вашето здравје е одлично, продолжете со физичките активности.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Во последно време ви се чини дека некој во вашата околина е со вас само од корист. И не грешите, вашето размислување е точно. Не создавајте кавги, решете го тоа на паметен начин. Во работната атмосфера некој ќе ве изненади со убав гест. Вашите колеги за вас кажуваат само пофални зборови, па така очекувајте набрзо да напредувате. Во љубовта немате многу среќа, но сепак во овој период можно е да остварите голема добивка.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ви се навраќаат некои тажни спомени од минатото. Заборавете веќе на тие случувања и гледајте напред пред себеси. Вашите пријатели ќе се обидат на секој можен начин да ве расположат, поминете го вашето време со нив. Некој ве наведува на погрешни потези, но вие ќе ја откриете неговата задна намера навремено. Оние кои немаат партнер може да очекуваат дека им претстои некја сериозна врска.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Работните обврски силно ви тропаат на вратата, а вие сеуште спиете. Денес можно е да се случи да заборавите некој многу важен клиент или состанок. Премногу сте расеани, тоа може негативно да се одрази врз вашата кариера. Побарајте помог од некој Стрелец тој ќе ве врати на нормалниот пат.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Денешниот ден за вас е прекрасен, едноставно исполнет со среќа и љубов. Приредете му на партнерот некакво изненадување, уживајте во опкружувањето со пријателите и бидете заедно со семејството. Многу поволен ден за оние кои веќе се во врска, но и оние кои не се може да очекуваат нешто сериозно. Работните обврски може да почекаат за некој друг ден.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Нервозата и стресот се резултат на тоа што се плеткате во сечиј живот. Научете дека тоа не е ниту потребно ниту препорачливо. Некој претставник на знакот Риби ќе ви помогне во работните обврски. Лицата кои се сами можно е денес да запознаат некој потенцијален партнер. Здравјето не е на посакуваното ниво, започнете со некоја физичка активност.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Не им верувајте на оние кои ви ги пренесуваат муабетите. Дознајте за случувањата сами. Постои можност да ви бидат вратени некои финансиски средства кои дури и сте заборавиле дека сте ги позајмиле. Денес вашата себичност ќе излезе на виделина со потегот кој ќе го направите пред целото семејство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП