23 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 20.08.2014

Дневен хороскоп 20.08.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Не наседнувајте на трач муабетите во вашата околина, некој намерно ви ги пласира со цел да извлече некоја приватна информација од вас. Погрижете се денес да ги завршите сите работни обврски, ви претстои поволен период во кој можеби ќе добиете зголемување на платата, а за тоа вреди да жртвувате дел од слободното време. Некој пријател е разочаран од вас и тоа со право. Внимавајте на однесувањето.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Демотивирани сте бидејќи мислите дека не ја добивате платата која всушност ја заслужувате, донекаде сте во право. Треба да пронајдете начин на кој ќе реагирате, но внимателно да не навредите некој. Вашиот партнер ви се чуди на силата за изнаоѓање патишта во тешкиот живот, останете борци до крај. Поминете одлично време со пријателите, разговарајте, смејте се, тоа ви недостасува.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќе се двоумите дали да ги земете работите во свои раце или да препуштите другите да ја водат целата работа. Овој пат можете да повлечете посмели потези бидејќи се што работите , под услов да не форсирате, ќе роди со плод. Значи, одете полека и организирано.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Веројатно одлично ќе просперирате во услужните дејности. Некои ќе постигнат решенија за кои долго мислеле дека се невозможни. Ќе бидете задоволни и со материјалните достигнувања, но светот на идеи и понатаму ќе ви биде предизвик на кој не можете да му одолеете. Пуштете да ве води интуицијата.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денес ќе постигнете цел кон која долго се стремите, но не ја покажувајте возбудата пред другите. Можно е да разбудите завист кај блиска личност која неодамна се соочила со неуспех. Бидете повнимателни кон туѓите чувства. Планетите ви даваат зелено светло за да бидете поспонтани. Престанете да размислувате однапред што ќе кажете следно.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Постојано се трудите да ја истерате правдината на виделина, но околината поинаку гледа на тоа. Можеби редно време е да се откажете. Работете самостојно, денес  тимската работа не ви оди од рака. Вашите чувства насочете ги кон нешто што е малку пореално од она за што до денес бевте премногу чувствителни. Здравјето е одлично, продолжете со физичките активности.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ако ви се чини дека пред вас е долг пат, прифатете го тоа со радост затоа што ќе биде добар. Она што се придвижило ќе продолжи и понатаму да се развива и тоа на стабилен начин. Вам ви останува да се прилагодите на најдобар можен начин. Ужвајте во денот ова е поволен ден за вас.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денес блиска личност ќе побара заем од вас, но тоа ќе разбуди дилема кај вас. Ако имате и најмал сомнеж дека вашата помош ќе биде искористена за погрешна цел, не ја давајте воопшто. Време е да им дозволите на луѓето околу вас да учат од сопствените грешки. Концентрирајте се повеќе на својот живот.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе почуствувате прилив нa позитивна енергија, па прифатете ги предизвиците кои ви ги нуди една интересна личност. Ќе биде доста лудо и незаборавно за било што да се работи. Покрај изобилството на страсти не смеете да пропуштите ни еден работен предизвик : понуди, договори, проекти и др. Водете сметка да не згрешите во нешто.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Денеска деловниот живот малку ќе ви трпи, бидејќи намерно и планирано ќе оставите време за саканата личност. После еден подолг разговор конечно ќе можете да се олабавите бидејќи ќе расчистите повеќе работи кои подолго време ве измачувале, па светот ќе ви изгледа многу поубав. А за вакви работи би вредело да избегате од работата и обврските.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Не се плеткајте во туѓите животи, може да изгорите. Не им објаснувајте на луѓето како треба да постапуваат бидејќи сеуште не сте се нашле во нивна кожа. Денес работете максимално, трудете се и преземете нови проекти, постои можност за напредување, но само ако напорно работите. Здравјето ви алармира дека несоодветно се храните.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Можеби имате многу работа и тоа ве нервира, но сепак таа работа треба да се заврши. Вложете труд, некој ќе го забележи тоа и ќе ве анагажира во нови проекти од кои одлично ќе профитирате. Излезете со пријателите забавувајте се, побарајте совет за некој семеен проблем, тие ќе ви помогнат. Денес не му верувајте на Стрелецот, ве наведува на погрешна страна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП