20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕлектро, а ретро

Електро, а ретро

80865919953f08f55ca1f6930360595_640x36785

Дека електричните автомобили не мораат да имаат современ и футуристички дизајн, покажува американското „Renovo Coupe“. Овој автомобил, основан на моделот „Shelby American CSX 9000“, изгледа како да пристигнал од 60-тите години на 20-от век.

105939995853f08f59b73d9886236565_640x40285

Американскиот производител „Renovo Motors“, направи наизглед невозможна комбинација – ретро дизајн и електричен мотор.

Така настана електричниот спортски автомобил кој претставува нешто сосема спротивно од „Tesla S“. Наместо модерен дизајн и футуристичка табла за команди, „Renovo“ потенцијалните купувачи сака да ги привлече со заоблени линии кои биле карактеристични за спортските и тркачките модели од пред половина век.

26928361653f08f5b3a12e567131957_640x42785

За погонот е употребен електромотор кој, според фабричките податоци, произведува преку 500Кс и развива повеќе од 1.350Нм максимален вртежен момент.

Тоа е доволно овој автомобил од 0 до 96км/ч (60 милји на час) да забрза за само 3,4 секунди пред да ја достигне максималната брзина од 193км/ч.

Производителот не открил колку автомобилот може да помине со едно полнење на батериите, но навел дека за нивно дополнување потребни се 5 часа на обичен, односно околу 30 минути на брз полнач.

62736874753f08f5fdb5d3224429604_640x42785

Првиот прототип е претставен во петокот, во Пебл Бич во Калифорнија, а „Renovo“ најавува дека сериското производство ќе започне во 2015 година.

Со оглед на тоа дека компанијата сака да направи 100 примероци кои ќе се продаваат по цена од околу половина милион долари, ексклузивноста е загарантирана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП