21 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 18.08.2014

Дневен хороскоп 18.08.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Важно е да го оправдате својот деловен углед во средба со соработниците. Понекогаш различни обврски претставуваат голем товар, но не можете да имате убедливо оправдување или изговор. Поттикнувате кај себе поголема одговорност. Нема потреба да барате ново олеснување или заобиколно решение. Работата која ве заморува треба да ја завршите во најкратко можно време и без надмудрувања во дијалогот со соработниците. Секогаш постои добро решение.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Станувате многу поодговорни и подготвени да се држите до договорите, или барем верувате во тоа. Повеќе ништо не оставајте на случајноста, и не им дозволувајте на другите да управуваат со вашата кариера. Трудете се да бидете фер кон сите, но заработката нека ви биде на прво место. Многу од работите за кои сте сонувале можат да се завршат или да започнат ако бидете подготвени да им се препуштите на барањата од некој Лав, Шкорпија или Јарец. Не се грижите за парите, ќе најдете решение.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Идејата или решенијата кои сте ги одбрале, претставуваат добар деловен избор. Потребно е да се ангажирате на различни страни и да докажете дека поседувате силни практични можности. Потребно е да се договорите со соработниците околу уважувањето на различни деловни интереси, употребете ги своите дипломатски манири. Потрудете се да ги почитувате својот дел од договорот и обврските. Пофалбите кои ги добивате од луѓето дејствуваат поттикнувачки за вас.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Денеска ќе бидете поголеми оптимисти од вчера. На работа очекувајте убаво изненадување. Ќе добиете нови задолжувања кои ќе бидат поинтересни од претходните. Кога работата е во прашање, на партнерот можете секогаш да се потпрете. Финансиските проблеми ви создаваат грижи, но работата ќе ви донесе профит на кој не се надевавте.

lav1

 

Лав(23.07 – 22.08)

Не треба лесно да се откажете од своите планови ниту да се откажете од нешто за што сте размислувале веќе подолго време само затоа што се плашите од неизвесност. Прашањето е дали сето тоа што го работите ќе ви се исплати, но сигурно е дека сте на прав пат себеси да си обезбедите дополнителен хонорар, особено кога станува збор за соработка со некој кој долго го познавате. Дури и ако станува збор за личност која не е посебно пријатна, вие верувате дека ќе воспоставите пријатен однос.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Верувате дека ќе ви се јави некој кој е подготвен да ви помогне да ги решите важните проблеми. Ќе добиете прилика да се сретнете со некој Рак во вечерните часови, можеби и со некој Лав или Јарец и со нив да ги поделите своите искуства во врска со работата во прватната компанија која на вас ви е многу драгоцена. Можна е добра вест во врска со пари.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Останете на својот став и не дозволувајте никој да ве оптеретува, особено кога станува збор за вашата кариера, а знаете и зошто. Имате јасна цел и нема да се откажете од своите планови дури и ако една Шкорпија која за вас е авторитет, се обиде да ве наговори на нешто што таа го смета за правилно. Ако имате некаков проблем на работа однесувајте се сталожено и не дозволувајте туѓите проблеми за вас да бидат приоритет. Можна е соработка со странци кои сте ги запознале на неодамнешен краток пат.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Нагласените знаци како што се Близнаците и Ракот со транзит на Месечината ви носат брзи промени на расположението и извесна доза на попустливост поради која се трудите да сфатите некој кој ви ги кажува неговите проблеми , но колку и да посакувате да му помогнете ќе сфатите дека станува збор за личност која повеќе сака да биде во центарот на вниманието отколку да ги реши своите проблеми. На некого му е особено важно да ве задржи како соработник.

strelec1

 

Стрелец  (22.11 – 21.12)

Не се чудете ако денеска чувствувате потреба за свој простор. Колку и да уживате во друштво на други луѓе, потребно ви е време само за вас. Обидете се денеска да работите сами, а ако не сте во можност, тогаш секако после работа, тргнете се од сите и одете сами на прошетка. Ако во последно време не ви одеше најдобро со луѓето кои ви значат, размислете за своите очекувања од тие луѓе.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Денешниот ден може да биде стресен ако не сте подготвени да се прилагодите на условите кои ви ги поставуваат Близнаците, Овенот или Девицата. Сепак, можете да очекувате дека добро ќе поминете дури и на работа, особено ако се занимавате со уметност и уживате во својата работа. Подготвени сте да се соочите со помалите проблеми од финансиската природа на начин на кој претходно не сте биле подготвени. Можеби ќе се обидете да тактизирате за да успеете да се изборите за подобар статус или зголемување на платата.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Не прифаќајте понуди кои во ниту еден случај не ви одговараат, особено не ги прифаќајте понудите на некој Бик или Шкорпија. Ќе бидете нетрпеливи во работата со млади лица, иако вие всушност на нив се ослонувате. Ако постои нешто што не сте го направиле како што треба, денес можете јавно да говорите за тоа, денешниот ден е погоден за настапи во јавност. Венера и Плутон во Јарец рефлектираат партнерски односи на астролошко поле, обидете се да го пронајдете најдоброто решение.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Не сакате да зборувате за вашиот фамилијарен живот со никого, иако многу работи ве мачат. Близнаците ви даваат на знаење дека ги нервира вашата амбиција, а на вас ви се чини дека за многу прашања не сте ни прашани.  Треба да бидете помалку чувствителни на критика. Можна е љубоморна сцена со вашиот партнер или несогласувања со соработниците и тоа со силна причина. Не му одолевајте на искушението да влезете во некоја нова работа од која очекувате добра заработка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП