1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата „петка“ ќе се појави во 2016-та година

Новата „петка“ ќе се појави во 2016-та година

bmw_5 2016

Откако минатата година актуелниот модел од „Serieѕ 5“ доживеа визуелно и техничко дотерување, „BMW“ подготвува целосно нова генерација на „петка“ (фабричка ознака „G30“) која на пазарот се очекува во 2016-та година.

Фотографите веќе неколку пати снимија тест примероци на овој автомобил, а тука се и рендерите на различни авто магазини, но како новата „петка“ навистина ќе изгледа ќе видиме на премиерата (можеби и пред тоа ако „протечат“ некои слики предвреме).

Покрај новиот дизајн, новата „петка“ ќе ја одликува и помала тежина, а некои претходни неофицијални информации најавуваа дека новата „Seriеѕ 5“ би можела да добие и 1.5-литарски мотор.

Меѓу моторите покрај останатите ќе биде и моќниот и економичен 3.0-литарски шестцилиндарски бензинец со 354KS и 500 Nm, како и дизел верзија со 347KS и 660 Nm.

Се споменува и „M550xd“ со 408KS и 750 Nm, како и новиот „M5“ кој би требало да располага со 626KS (а изборно и со 4×4 погон).

Исто така во гамата ќе се најде и „Plug-in Hybrid“ верзија со електромотор од 109KS и 2.0-литарски четирицилиндарски агрегат со околу 240KS. Хибридната „петка“ ќе може да се движи и само на електропогон (ќе може да помине до 32 km), a најголемата брзина со електромоторот ќе биде ограничена на 120 km/h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП