22 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 16.08.2014

Дневен хороскоп 16.08.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Се обидувате да се прилагодите на условите за работа кои се доста неповолни или стресни, но можно е да сте избрзале со склучувањето на договор со некој кој е неверодостоен, но вие не сакате да го поништите дадениот збор. Односот со семејството станува затегнат и прилично напорен.Треба да бидете повеќе прилагодливи и подготвени да се соочите со сето она што навистина ви претставува проблем. Не ја префрлувајте одговорноста на другите.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Се обидувате да завршите што повеќе работи, особено кога станува збор за соработка со некој Јарец, Бик или некој Рак. Практичната стана на вашата личност е во прв план и ве прави подготвени максимално да им се посветите на своите интереси. Се плашите дека некој би можел да ви приреди непријатно изненадување кое се однесува на вашите финансии или на вашата работа. Сакате да добиете на време кога станува збор за донесување на некои важни одлуки.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Бидејќи ја остваривте финансиската добивка, пожелно е да застанете. Премногу сте свртени на материјалната страна на животот, уживањето во љубовта, храната и пиењето, па сте заборавиле на духовната компонента. Нема потреба од претерување, само најдете ја златната средина. Денешните активности ви се проследени со бурни емотивни реакции. Лесно ќе се најдете во ситуација да постапите нетактички, за што подоцна ќе се каете. Бидете внимателни.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Во текот на денот ќе можете да ги прилагодувате своите планови според туѓите, но завршете го денот со нешто што вие навистина го сакате. Ќе се најдете во ситуација во која ќе биде потребна итна реакција за решавање на одреден проблем. За среќа, вашето спонтано однесување ќе ве насочи кон вистинската насока.

lav1

 

Лав(23.07 – 22.08)

Не прифаќајте понуди кои во ниту еден случај не ви одговараат, особено не ги прифаќајте понудите на некоја Вага или Шкорпија. Ако постои нешто што не сте го направиле како што треба, денес можете јавно да говорите за тоа, денешниот ден е погоден за настапи во јавност. Венера и Плутон во Јарец рефлектираат партнерски односи на астролошко поле, обидете се да го пронајдете најдоброто решение.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Прилично голем број на нестабилности и поделени чувства во однос на некаква ваша јавност или случувања во неа, значи во вашата околина или по прашање на некакви случувања во врска со вашиот партнер. Можни се добивања на многу непроверени и искривени информации од блиски личности, некакви мали ситни лаги кои веднаш ќе ги забележите поради нелогичноста и неспонтаноста која ја носат сите измислици во себе. Најчесто ќе ви ги пласираат ептен блиски личности од вашето опкружување.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Вклучете ги разумот и комуникацијата во секојдневието. Доколку планирате конкретна акција бидете внимателни некој може непријатно да ве изненади. Преземањето на некаков ризик ќе ви се исплати и на крајот на денот ќе има за што да прославите.Во вас ќе се разбуди натпреварувачкиот дух. Немојте да ги туркате другите за да излезете први. Бидете фер. Но, немојте ни да се прикривате, па некој друг да блесне пред вас.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Возбудени сте затоа што наскоро ќе настапи голема промена во вашиот живот и вие го знаете тоа. Искористете го викендот за да се релаксирате и да размислите сталожено за деталите. Преголемата возбуда може да направи да заборавите некои важни нешта кои го бараат вашето внимание.

strelec1

 

Стрелец  (22.11 – 21.12)

Очекувате да се случи нешто интересно на деловен план и да го добиете она што ви припаѓа, без оглед дали станува збор за пари кои некој ви ги должи или за предлог за нова работа. Деловните односи со Стрелец би можеле да бидат подобри ако вие бидете малку потактични. Можна е вест за добивка.Многумина ви завидуваат на вашата позиција, а вие сеуште се грижите за финансиите и барате подобро работно место.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Имате јасна претстава за сериозноста на идните случувања. Сонувате и се занесувате, а не сте свесни за можните компликации. Бидете внимателни кога се во прашање финансиските трансакции но и потпишувањето договори. Постојано сте конфузни, смирете се. Разговорот со вашите соработници ќе ве врати назад на патеките на успехот.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Денес ќе бидете исклучително зафатени, но не заборавајте да им дадете одмор на вашиот мозок и на вашето тело. Ќе имате обврски кои ќе бараат од вас многу мислење, концентрација и творење, па тоа може да ве доведе до психичка и физичка исцрпеност. Некои подалечни пријатели или членови на семејството ќе се вртат постојано во вашите мисли. Па, направeте кратко патување и посетите ги.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Секојдневните обврски ќе ви бидат можеби насочени кон некакво документирање на настаните, пребарување по документи или правење на нови, создавање на извештаи, одлуки, решенија, се во зависност од тоа што работите и кои ви се професионалните активности. Од друга стана можни се и некакви „идеолошки” недоразбирања со претпоставениот, но политиката оставете  ја настрана, особено ако сте од различни политички опции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП